Живееме во хаотичен свет кој се наоѓа пред издивнувањето и сега, така да кажеме, се ни е јасно.

Насилството на модерниот човек се изразува на дава начини: како насилство над другите и како насилство врз себе.

Се чини дека веќе не е можно да се сокриеме од насилството.

Деца убиваат свои родители, родители убиваат свои деца, пријатели убиваат пријатели, млади убиваат млади.

Времето во кое живееме е време на безумно насилство во кое луѓето се повредуваат и убиваат меѓусебно – заради убивање.

Како христијани ние сме оние што се бунтуваа и одбија и понатаму да учествуваат во човековата војна против Бога.

Ние повеќе не сме деца на војната кои заспиваат во солзи поради тоа што мислат дека Бог е мртов.

Ние повеќе не сме деца на мракот, туку сме деца на светлината, бидејќи сега го знаеме своето потекло.

Ние живееме преку нашата смрт и ние ќе воскреснуваме.

Сега ја знаеме разликата помеѓу убавината и грдоста, помеѓу доброто и злото, љубовта и омразата. Сега знаеме дека да се зборува за љубовта значи да се зборува за Бога, бидејќи Бог е Љубов.

Бог не е мртов, бидејќи, кој би можел да ја убие Љубовта?

Љубовта е она за кое вреди да се умира, секојдневно.

Бог е Оној за Кој вреди да страдаме до крајот бидејќи Бог е Оној Кој прв страдаше за нас.

Опстанавме живеејќи во пеколот на овој свет што умира и знаеме дека Царството Божјо е внатре во нас.

И додека светот продолжува да пропаѓа во смртта, ние чекориме смело, носејќи го својот животен крст.

Јасно го гледаме овој целокупен пекол кој гори околу нас и донесуваме христијанска одлука и самите мистично да се распнеме заедно со Христа, бидејќи знаеме дека крстот е единствениот пат кон воскресението.

Со Своето воскресение Христос ја скрши вратата на адот и Ги ослободи оние што самуваа заковани во него. Христос ја уништи смртта со смрт и на мртвите во гробовите им подари живот.

Сето тоа Христос го направи со сила Божја, оставајќи ни ги овие едноставни упатства за нашиот христијански бунт – за последниот вистински човеков бунт.

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!

Бласжени се оние што плачат, оти ќе се утешат!

Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!

Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.

Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!

БЛАЖЕНИ СЕ МИРОТВОРЦИТЕ зашто тие ќе се наречата синови Божји.

Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството небесно!

Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!“
(Матеј 5,3 -11).

Исполнувајќи ги овие вистини, децата на Апокалипсата ќе се кренат над темнината и на крајот ќе станат светлина на светот.

А сега остануваат овие три работи:

ВЕРАТА НАДЕЖТА И ЉУБОВТА;  најголеме меѓу нив е – ЉУБОВТА! (1.Коринт.13,13)

Подготви Мина Даниловска  –  БЛАЖЕНИ СЕ МИРОТВОРЦИТЕ – Децата на Апокалипсата ке станат сол на светот. (Последниот вистински бунт)

Претходна статијаАко има големи барања пред време, Господ не му ги дава….!
Следна статијаСветото Предание неопходно за правилно разбирање на Светото Писмо!