Евангелие и поука за 18/02/2019

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 13:9-13

9. Но вие чувајте се сами, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведени заради Мене, за сведоштво пред нив.

10. И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.

11. Кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; а она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.

12. И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе ги убијат.

13. Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.

 

 

Апостол на денот: Второ соборно послание на светиот апостол Петар 1:20-21;2:1-9

20. Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.

21. Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух.

1. А во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои што ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господа, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.

2. И мнозина ќе појдат по нивните нечистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен.

3. И, подбудувајќи ве од користољубивост, ќе ве привлекуваат со ласкави зборови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.

4. Зашто Бог, кога не ги поштеди ангелите што згрешија, туку ги турна во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат пазени за судот;

5. и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп на безбожниот свет, го запази само осмочлениоит Ноја, проповедникот на правдата;

6. и градовите Содом и Гомор ги осуди на разурнување и ги претвори во пепел, па ги остави како пример на идните безбожници,

7. а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.

8. Оти, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, од ден на ден ја измачуваше својата праведна душа;

9. тоа Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден;

Поука на денот: Свети Исак Сирин

Погрижи се да влезеш во своето внатрешно сокровиште, и ќе го видиш небесното сокровиште. Зашто и првото и второто се едно; и со еден влез ги здогледуваш обете. Скалилата на другото царство се сокриени внатре во тебе, т.е. во твојата душа.

Изми се од гревот и ќе ги најдеш таму праговите на скалилата по кои можеш да се искачиш до него.

ИЗВОРМПЦ ОА
Претходна статијаЗНАЕШ ЛИ, ДЕТЕ МОЕ …?
Следна статијаВашето срце нека биде едноставно, а не дволично и неискрено!