Јеромонах Атанасиј Арсоски

ЕТИКА HA ФАНАТИЗМОТ

Карактеристичен Божји дар кон човекот е слободата. Врз нејзините темели ce paѓa, cе развива, созрева и се усовршува секоја човечка личност. Пред сè, тоа е егзистенцијална слобода, преку која благодатно се надминуваат ограничувањата кои произлегуваат од нашиот статус на создадени битија.

Дополнително, по пројавената непослушност на човекот кон Бога (1), слободата добива и значење на надминување на последиците од истата. Тоа е примарното значење на овој Божји дар, но секако дека во него се состои и слободата на избор на секој човек поединечно.Од изборот зависи дали ќе тргнеме по патот кон вистинската, егзистенцијална слобода или, пак, кон ропство и нереализација на личноста.

Бог го почитува секој наш избор, затоа што произлегува од дарот што Самиот Тој ни го дал. Љубовната заедница co Бога и co целиот создаден свет е целта на нашето постоење.

Нејзиното остварување е возможно само врз темелот на слободата, па затоа љубовта и слободата се нераскинливо поврзани и невозможно е нивно изолирано постоење.

Пројавата на љубов кон некого неопходно е придружена co почитување на неговата спобода. Обидот за љубов без почитување на спободата води кон наметнување, диктатура и тиранија, а обидот за почитување и применување на слободата без љубов води кон анархија.

Штом Бог ни ја дарува и максимално ни ja почитува слободата, тогаш истиот став треба да се трудиме да го имаме и ние во нашите меѓусебни односи. Тоа важи за сите аспекти од меѓучовечките односи, a овој текст го става акцентот на нашиот однос кон Бога како основа за нашето меѓусебно општење.

Ова поле е погодна почва за соочување co искушението на непочитување на слободата на личноста. Најпрво, човекот не ја вреднува сопствената слобода на вистински начин, а потоа истата состојба ја проектира и на околината.

Така се раѓа фанатизмот, при што човекот е заслепено и помрачено посветен кон некои вредности, за кои е подготвен по секоја цена не само да ги брани, туку и да ги наметнува на другите.

Во конкретнава тема станува збор за вредностите поврзани co Бога и co смислата на нашето постоење.

Фанатизмот може да биде присутен во речиси сите пројави на човечкиот живот. Ho, една од најопасните и најразорни негови варијанти е религиозниот фанатизам.

Карактеристичен е за секој религиски систем. Тоа е показател дека се работи за општочовечки проблем, за чија појава и развој не се пресудни видот и карактерот на религиозните идеи.

Клучна улога игра пристапот што самиот човек почнува да го гради во односот кон Бога. Коренот на проблемот настанува кога ќе почнеме да Го третираме Бога како семоќно битие, но согласно критериумите на падната човечка природа. Тогаш се конструира слика за Бога:

Тој е семоќен владетел, кој го контролира нашето однесување и Неговите реакции се чисто човечки, но co поизразен интензитет. Значи, во таков случај не станува збор за општење co вистинскиот, несоздаден и жив Бог, туку co нашата проекција за Hero, третирајќи Го како суперчовек.

Следствено, сите форми на меѓучовечко однесување и на општествено уредување ги пресликуваме во односот co Бога, односно co нашата претстава за Hero.

Од ваквото сфаќање произлегува желбата да My ce угоди на тоа супермоќно и страшно битие, но и стравот да не биде разгневено поради некоја наша непромислена постапка.

А кога Бог се става во категоријата на создадени битија, тогаш следат желбата и потребата Тој да биде прифатен и прогласен како врховен водач, карактеристичен за тоталитаристичките режими.

Во таквиот однос нема простор за слобода и љубов, туку само за страв, потреба од активизам за задоволување на врховниот лидер, грижа на совест поради неуспешно Негово задоволување или, пак, задоволство поради сознанието дека сме Го расположиле.

А сето ова, пак, произлегува од нашата свест дека тоа врховно и супермоќно суштество може да ни ja определи вечната судбина, согласно тоа во колкава мера сме Го задоволиле. Вака создадената погрешна и нереална претстава за Бога е најуспешно средство за развој на богоборство и меѓучовечкa омраза.

Доколку декларирани православни христијани Го третираат Бога на ваков начин, тогаш неопходно се појавува потребата за агитирање во интерес на православието.

Тоа агитирање нема никаква суштинска врска co здравата христијанска мисија, чиј образец ни е дејствувањето на светите апостоли. Здравото мисионерство се базира врз жив опит на Бога, од што произлегуваат љубовта и почитувањето на слободата на луѓето.

Агитирањето, пак, ја игнорира и ja омаловажува спободата на другиот човек.

Всушност, религиозниот агитатор не води сметка за другата личност, туку главниот акцент го става на себе.

Тој co својот активизам смета дека собира поени пред Бога поради неговиот труд да придобие човек во правоспавната вера. Значи, во основата лежи егоистичка желба за награда во вид на вечен живот, а не љубовна грижа и копнеж за непрестајна заедница co сите луѓе во Бога.

Ваквата агитаторска дејност и нејзините ефекти ни ги предочува Богочовекот Христос, во Неговото обраќање кон тогашните верски водачи:

„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден следбеник, и кога тоа ќе се спучи, тогаш го правите син на пеколот, двојно поголем од вас” (2 Мат. 23,15).

Секогаш кога ќе се обидеме co помош на принуда или духовна уцена да приведеме некого во православната вера, поспедиците се катастрофални и на двете страни. А тоа е така затоа што се пласира погрешна претстава за Бога или, пак, Бог и верата во Hero се користат како параван за собирање спедбеници.

He може да се каже верници, затоа што во целата таа ситуација суштински не се нуди воспоставување и развој на личниот однос co Бога, туку во основа станува збор за собирање на што поголем број членови на организацијата или приврзаници на идеологијата.

За жал, ваквиот пристап на одредени христијани низ вековите значително придонел за појавата и ширењето на атеизмот и на разни антихристијански идеолошки правци.

Фанатизмот може да се пројави и во меѓусебните односи на приврзаници на иста идеологија. Bo тој случај, фанатикот ги бара недостатоците на другите во однос на доспедноста кон идеологијата.

Штом ќе ги детектира тие недостатоци, тогаш преминува кон наметнување на неговата ревност за идеологијата, бидејќи смета дека неговиот начин на миспење и на делување е единствениот што треба да го применува човек кој верува во истата идеологија.

.

Поволна почва за раѓање на фанатизам кај христијаните е јуридичкиот и етичкиот пристап кон Бога и кон Црквата. Таквиот пристап ја креира спиката за Бога според човечки стандарди.

А штом се негува однос co измислен бог, тогаш непречено си расте гордоста и нетрпеливоста кон различниот став на другите луѓе. Јуридичкиот и етичкиот пристап го внесуваат човекот во лавиринтот составен од чувство на вина, преувеличена грижа на совест и стремеж кон подобро исполнување на религиозните обврски.

Така тој се исполнува co психички комплекси и фрустрации, и всушност доброволно ја гази слободата што Бог му ја дарува, па истото го пренесува и на околината.

Тогаш сите аспекти од црковниот живот се третираат како цел за себе, а животот станува постојана агонија. Во отсуство на смирение, човекот се соочува co реалноста дека многу тешко може да ги исполни сите тие правила и одредби на етичкиот и јуридички однос кон Бога, па затоа агонијата и расте и преминува во агресија кон другите.

Bo таква состојба човекот се поставува како контролор и коректор на однесувањето на христијаните. Неретко дејствува и како “заштитник” на Бога и на Црквата!

Впрочем, тоа е основниот мотив за таканаречените свети војни, водени низ историјата во име на Бога. Таква организирана војна кај православните сè уште немало, но имало и има милитантно расположение кај фанатизираните православни христијани, кои дури се дрзнуваат да тврдат дека сите други ќе бидат осудени од Бога доколку не примат православие. Тука веќе се препознаваат симптомите на сатанската гордост.

За да ја избегнеме мамката што нè води во мрежата на фанатизмот, неопходно е да имаме жив опит на Живиот Бог. Тој опит не зависи од количината на добродетели и страсти, туку од мерата на отвореност на нашето срце кон Бога.

Насочувајќи ја енергијата на нашето битие кон стекнување нелицемерна и несебична љубов кон Бога, кон лугето и кон целокупното создание, ние покажуваме дека сакаме нашето срце да биде Божјо живеалиште.

Копнежот по Божјата љубов го изразуваме co нашата неодолива желба за соединување co Hero. Затоа, од суштинска важност е нашето учество во Литургијата, на која се причестуваме co Христовите Тело и Крв, co што градиме заедница co Бога, а преку Hero co останатите луѓе и co сиот создаден свет.

Љубејќи Го Бога, ние го љубиме и сето она што Тој го љуби. Така го отвараме срцето и во него ја примаме Божјата благодат на љубовта. За да тргнеме и сигурно да чекориме пo тој пат, треба да се потрудиме да го чуваме срцето од непочитување на слободата на другиот.

Од таквиот наш внатрешен став ни се чисти сликата за луѓето, пa co помош на Божјата благодат ќе можеме полесно и појасно да живееме co фактот дека секој човек е икона Божја (1. Мој. 1, 27).

Основниот подвиг на христијанинот е надминување на егоизмот и стекнување на несебична љубов, во содејство co Божјата благодат. Од многувековното човечко искуство е познато дека кога ние правиме еден чекор кон Бога, Тој прави десет кон нас.

Затоа ние треба co тој еден чекор да ја покажеме подготвеноста на нашето срце и да My дадеме потврден одговор на Бога за да влезе и да живее во нас. Во нашиот чекор спаѓа и трудот за почитување на слободата на другиот, без разлика на неговите верски, социјални, политички и какви било други ставови.

Паралелно co тоа, особено внимание треба да обрнеме на нашиот однос кон Бога, и да ги избегнуваме сите варијанти на етички и јуридички однос кон Hero: избегнување на лоши дела поради страв од казна, поттик за добри дела поради вечна награда, надворешна чистота на животот без внатрешна подлога итн.

Сето ова ни создава нереална слика за Бога, a ние остануваме надвор од патот што води кон исполнување на целта на нашето постоење: вечна, непрестајна заедница co Бога и co сите луѓе. Нашиот однос кон Бога нека биде синовски, слободен и неограничен од човечки правила на побожност. Тогаш сигурно ќе бидеме заштитени од ризикот за пад во фанатизам.

 

Пренесено од “Православен пат”, списание на Скопската епархија, број 44, 2019, стр. 25-30

Подготви Мина Даниловска

 

Претходна статијаЗА НЕБЕСНИОТ СОБОР
Следна статијаТаа, Пресветата Богомајка – Таа прва се исполни Себеси со Бога! (Ава Јустин Поповиќ)