Добар, отрезнувачи текст за дилемите околу „неправедното“ страдање?
(ВОД    НА ФБ

Страдањето (изразено како болест, на пример) често знае да го прекине дејството на гревот: Кој ќе пострада co телото, престанува да греши, пишува апостол Петар (1. Петр 4, 1).

Страдањето поради гревот е глас Божји, вразумување за човекот што греши: тоа е удар по раката што врши беззаконие.)

Зошто страдаме

„Мака и тага на секоја душа човечка, која прави зло” (Рим. 2, 9);

„Bo Царството Божјо треба да влеземе преку многу маки” (Дела 14, 22).

По паѓањето во грев, човечкиот живот се исполнува co труд, болести и страдања. И затоа добродетелта на трпението му е апсолутно неопходна на христијанинот (под апсолутно трпение овде подразбирам кротко поднесување на маките и страдањата).

Страдањето има многу причини и цели: освен страдањата што ги испраќа Бог, има и волни страдања, така што човек мора да ги разбира.

Неволјите и страдањата може да го погодат и телото и душата и духот. Телото го погодуваат co болести, co глад, co студ, исцрпувачка работа и скудност во се’ што е неопходно.

Душата ја погодуваат co жалост, co тага во срцето, болка поради затворања, разделби итн.

На крајот, духот може да страда од измачување на совеста, од сочувствување co маката на блиските, од тага за нивните гревови итн.

Има многу причини поради кои ни се испраќаат страдања, несреќи и тешкотии. Но никако не смее да се мисли дека тие може да доаѓаат од луѓе: секој крст иде од Господ Бог, Кој е и бескрајно Милостив и бескрајно Премудар.

Една од основните причини зошто ни се праќаат страдањата е нашата огревовеност.

Во овој случај страдањата ни се праќаат како средство кое ќе и’ се спротивстави на штетата што на нашата душа и’ ја причинува гревот и присутните страсти и  пристрасности во неа.

Како што пишува свети Јован Кронштатски, „се’ додека во нас дејствуваат страсти, се’ додека стариот човек живее во нас и не умре, се’ дотогаш ќе мораме многу да скрбиме од различни животни искушенија, од борбата на стариот човек co новиот”.

Страдањето може да го сметаме за духовно лекарство против гревовната штета.

Страдањето (изразено како болест, на пример) често знае да го прекине дејството на гревот: Кој ќе пострада co телото, престанува да греши, пишува апостол Петар (1. Петр 4, 1).

Страдањето поради гревот е глас Божји, вразумување за човекот што греши: тоа е удар по раката што врши беззаконие.

Истовремено, страдањата ја ублажуваат вината на гревот и ја урамнотежуваат во некаква мера – според законот на отплатата и праведноста.

Оттука е очигледно дека оние што страдаат во овој свет, општо кажано, ги очекува поблагопријатна судбина во идниот век, отколку оние што имаат лесен живот. За ова зборува Самиот Господ во приказната за богатиот и Лазар (види Лука 16, 19-31).

Затоа повеќе треба да се загрижиме за оние што овде имаат целосна животна благосостојба, изобилство, удобност и што водат расеан живот и – помалку за оние што овде одат по тешкиот пат на лишувањата и страдањата.

Можеби ќе се роди едно вакво сомнение: дали се неопходни страдањата како искупителен фактор, ако е жртвата на Христос доволна да ја покрие гревовната вина на сиот свет?

Навистина, спасението е дар од Господ (Рим.3, 24). Ho тоа им се дава на оние што по своја волја го бараат и не ги спасува сите луѓе по автоматизам.

И ако човек не My пристапува од срце на Христос за помош и за простување на гревовите и ако живее расеан живот, не обрнувајќи внимание на Неговите заповеди, тогаш нема да го спаси искупителната Христова жртва: зашто тој како самиот да се откажува од неа, се откажува од понудениот лек и не добива простување на гревовите зашто ја пренебрегнува тајната на покајанието.

За ова апостол Павле вака им пишува на Колосјаните:

Вас, кои некогаш бевте отстранети од Бог, и Негови непријатели поради помислите кон лоши дела, сега ве примири во телото на Неговата Плот, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина, само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи во надежта на Евангелието (Кол. 1, 21-23).

Како што гледаме, силата на искупувањето се распостила врз нас само ако сме „непоколебливи во верата и неотклонливи во надежта на Евангелието”.

А бидејќи никој од нас не е доволно претпазлив кон своите гревови, не ја бараме и не ја ползуваме во полна мера тајната на покајанието, тогаш на сите ни е нужно страдање за да се ублажат последиците од нашиот грев.

Еве зошто за неопходноста христијанинот да страда и да поднесува маки говореле и Господ – Во светот ќе имате маки (Јован 16, 33), и Апостолите, и сите свети Отци:

Во Царството Божјо треба да влеземе преку многу маки – велел апостол Павле (Дела 14, 22).

„Нема ли страдање, нема ни спасение” – велел преподобен Серафим. А преподобен Симеон Нов Богослов не’ поучува вака:

„Како што облека извалкана co кал и сета осквернета co каква било нечистотија не може да се исчисти ако не се испере во вода и не се трие долго, така и ризата душевна, осквернета co тињата и гнојот на гревовните сграсти, не може поинаку да се испере освен co многу солзи и поднесување искушенија и маки”.

Според зборовите на свети Јован Златоуст, за христијанинот постојат три степени за спасение:

а) да не греши,

б) ако згреши, да се покае,

в) ако лошо се кае, да ги поднесе маките што ќе го снајдат.

А кој, пак, може да каже дека се кае доволно усрдно?

Оттука патот на избавување од страдањата поради гревовите е – покајанието. Силата на покајанието треба да биде сразмерна на силата на гревот.

Покајанието, како волно страдање (на самољубието при исповедта), не’ измирува co Бог и го заменува неволното страдање. Ако, пак, нема доволно свест за гревот, ако нема сила да се принесе дејствено, дпабоко, вистинско покајание, тогаш треба во смирение да се прифатат пратените страдања и да се благодари за нив како за милост, како за признак на Божјата грижа за нас.

Старец Варсонуфиј Оптински велел:

„Непрестајните маки што Бог му ги праќа на човекот се признак за особено Божјо промислување за него”. Еве зошто страдањата и неволјите духовниците ги нарекуваат „посета Божја”.

А кога грешникот живее лесен и спокоен живот, тие тоа го гледаат како Бог да го напуштил човекот, кому му се заканува страшна судбина во задгробниот живот.

Колку често страдалните души Го молат Господ да им ги прекрати сградањата! Но зарем за тоа треба да се моли?

Зарем не живее гревот во основата на страдањата? И ако тој се откорне co искрено покајание, тогаш ќе се повлече и страдањето.

Кога кај Господ го довеле фатениот, тогаш Он најпрвин му ги простил гревовите, и дури потоа, како последица на простувањето, му дарувал и исцеление (види Мат. 9, 2-8).

Bo друг случај, страдањата не се праќаат поради гревот, но за да не’ довардат од грев или да го насочат христијанинот од лесен и расеан живот кон живот сосредоточен и живот во Бог.

Во вакви случаи се праќа долготрајна болест, прогонство, заточеништво итн. Ова сосема го менува животот, му дава на човекот можност да се замиспи над него, а за некого – да поживее во осаменост.

Страдалниците, кои во почетокот обично тешко ја поднесуваат промената на својата судбина, подоцна, или пред крајот на животот, пламено My благодарат на Господ за тешката промена што некогаш им ја испратил (види, на пример, животописот на схимонахињата Нектарија, на кнезот Мењшиков и др.)

Како трета причина за тоа зошто на луѓето им се праќаат страдања, преподобен Макариј Велики вели вака:

„Бог ја знае немоќта човечка, дека човекот бргу се превознесува, затоа го запира и му допушта да живее во постојан подвиг и искушенија.

Знаејќи ја твојата немоќ, Бог, според Својата промисла, ти праќа скрб за да се смириш и поревносно да Го бараш Hero”.

За истово пишува и епископ Венијамин Милов:

„Страдањата длабоко ја смируваат човечката гордост и ги уриваат основите на себељубието и надменоста.

Кој многу ќе пострада, престанува да греши. Тој ја чувствува својата ништожност и неволно бара да се утврди во силата Божја и co молитвата се отвора себеси да Ја прими Неговата благодат.

Страдањето го претопува човечкото расположение од гревовно и самозатворено во свето и отворено кон Бог и го враќа секој грешен блуден син во Татковиот Божји дом”.

Bo четвртиот случај христијаните се испитуваат во верата и праведносга. Како што пишува преподобен Варсонуфиј Велики: „Маж неиспитан co искушенија, не е опитен”.

По созданието, Адам во прво време бил безгрешен и, како чист по срце, Го видел Бог и разговарал co Hero. Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бог! (Мат. 5, . Ho ние знаеме дека тој не бил цврст во добродетелта и паднал во грев.

Децата исто така се отпрвин чисти по срце, но подоцна сите стануваат подложни на грев. Затоа самата чистота на срцето, без проверка на нејзината цврстина, нема полна вредност.

Токму поради тоа Бог ги допушта соблазните во светот. Господ и вели: Оти соблазните треба да дојдат (Мат. 18, 7).

Преподобен Антониј Велики пишува: „Никој без искушенија не може да влезе во Царството Небесно; ако нема искушенија, никој нема да се спаси”.

Н.Е.Пестов

Пренесено од книгата “Униние и депресија – Сличности, разлики, лекување  Православен поглед)

од д-р Дмитриј Александрович Авдеев

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаКолку ли само животот би бил прекрасен кога луѓето би ја слушале совеста!
Следна статијаСмилувај ми се мене, заради децата кои што ги убив! (Покајание за чедoморство – доброволен абортус)