Молитва за исцеление на болниот

Владико, Седржителу, Свет Цару, Кој казнуваш но не погубуваш, Кој паднатите ги подигнуваш и ги поправаш и телесните човекови страдања на добро ги насочуваш:

Ти се молиме, Боже наш, по милоста Своја, посети го Твојот слуга (кажи го името) кој во немоќ е и прости му ги сите прегрешенија волни и неволни.

О, Господи, испрати ја Твојата исцелителна сила од небесата, допри се до неговото тело, жарот на треската угаси го, стиши ја болката и секоја притаена немоќ; биди му лекар на Твојот слуга (кажи го името), подигни го од болната постела и од одарот на неговите тегоби целосен и сесовршен, подари го на Црквата Твоја, да Ти угодува во добро и да ја извршува волјата Твоја.

Зашто Твое е да помилуваш и да спасуваш, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме – на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.


Благодарствена молитва на свети праведен Јован Кронштатски што ce чита no исцелението од болеста!

Спава Тебе, Господи, Исусе Христе, Сине Единороден на Беспочетниот Отец, Единствениот Кој ја исцелуваш секоја човечка болест и рана, слава Ти зашто ме помилува мене, грешниот и ме избави од болеста моја, не допуштајќи да се развие и да ме умртви според гревовите мои.

Дарувај ми отсега сила, Владико, цврсто да ја исполнувам волјата Твоја заради спасение на мојава осквернета душа и заради слава Твоја co Беспочетниот Твој Отец и Единосушниот Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.

Претходна статијаГосподи! Како можев Тебе да Те оставам?!! (од книгата “Униние и депресија” – Православен поглед)
Следна статијаДУХОВЕН РЕЦЕПТ HA СВЕТИ ИГНАТИЈ (БРЈАНЧАНИНОВ)