Дома Останато Прашања до свештеникот Ваши прашања до свештеникот (Како да почнам да постам…)

Ваши прашања до свештеникот (Како да почнам да постам…)

0
836

Отец, никогаш не сум постел  до сега и сакам да почнам.  Дали ако не најдам свештеник да прашам како, смеам ли ако постам првата недела од Велигден да се причестам? И дали е лошо после пак да продолжам со масно, со месо? Така прават гледам многу. Или некој вели дека треба цел пост барем без месо да биди за нас шо смне ненаучени на пост.

ОДГОВОР: о. Григориј:

Невозможно е да не најдеш свештеник, возможно е да не најдеш духовник скроен за тебе. И јас кога почнав прво се исповедав кај мојот парохиски свештеник, постев како што ќе благословеше и се причестував со негов благослов, но набргу си го пронајдов духовникот кој ме роди, а денес ја имам таа среќа пак, неговиот духовник и мој да биде.

Сакам да ти речам дека ако искрено бараш Господ ќе ти помогне така што ќе ти го покаже вистинскиот пат по кој треба да одиш.

Така е во духовниот живот.

Бараш и ти се дава, тропаш ти се отвара.. значи да не се повторувам кажав и претходно нешто за постот.

Да не те збунува тоа што едни постат вака други така, тоа е заради нееднаквоста на телесните и духовните сили кај нас луѓето. Битно е да постиме онака како ке ни биде благослвено!