МОЛИТВА кон Чесниот Крст Господовː
О, сечесен и живототворен Крсту Господен, осветен со крвта на Христа, нашиот Бог, Кој со смртта Своја од вечната смрт нѐ ослободи, и благоволи на тебе да пострадаː
Сиот народ посака да се докосне до тебе, зашто сила од тебе излегуваше и секого го исцелувашеː ти знамен наш си, видливите и невидливите врагови што ги победуваː
ти ќе се јавиш во часот на Страшниот Суд Христовː тебе смирено ти се поклонувам, и чесно те допирам, и љубезно те целивам, молитвава принесувајќи ја кон Оној, Кој на тебе беше распнат, со Својата сила во тебе, да ме исцели од секоја беда душевна и плотска, и да ме сочува од видливите и невидливите душмани, и неосудено оддесно Себе на Судот Свој да ме постави.
Да, свет и живототворен Крсту, на тебе умирајќи Спасителот, за луѓето кои во грев умреаː Духот Свој како човек го испушти, крв и вода источи, и со трите нив, едното, од сѐ најпотребно спасение за сите го извршиː со слава на Изворот на водата жива – Бога Отецот, и од девствената крв воплотениот Бог Син, Бог Дух Свети, Кој го оживува духот човечкиː
Нив Троица во едно Божество, удостој ме благодарно да Ги славам, во водата крстилна непорочна вера примајќи, и во причестувањето со крвта и телото Господово – надеж несомнежна, и во скрушено покајание од Духот – љубов нелицемернаː
и не само во овој оскрбен живот, кој како вода минува, и со борба и крв е исполнет, и како пареа исчезнува во еден здив, – туку и во идните блаженства, со помош на твојата сила, Крсту триблажен, да Го прославам, во лице гледајќи Го, Оној во Кого верувам, Кого во наследство го очекувам, и во сладост Го љубам
– Еден во Троица Бог, сепрославен во сите векови. Амин!
Изворː ДОМОСТРОЈ; РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО ’95 бр. 11/12
Подготви: Светланка Трајчева