ОД ЖИВОТОТ HA ПРЕПОДОБНА ТЕОДОРА

БИДЕЈЌИ одлучила да се одрече од светот и од светските работи, мудро одлучувајќи да му возврати на ѓаволот што ја излажал, блажената жена Теодора се облекла како маж, за да не ја пронајде нејзиниот сопруг, доколку упорно ја барал, и отишла во еден машки манастир, оддалечен од Александрија осумнаесет милји.

 

Стигнувајќи пред портата, таа молела да ја примат и да ја вбројат меѓу подвижниците. Мислејќи дека е маж, а не жена, тие и’ рекле дека прво треба да ја помине целата ноќ надвор за да им ја докаже својата упорност на браќата.

Таа co радост го прифатила реченото, иако знаеле дека ноќе излегуваат многу ѕверови и затоа што местото било пусто и диво.

Тоа го претворила и во дело, останувајќи цела ноќ пред портата.

И Оној што некогаш заради Даниил ги припитомил дивите лавови (Дан. 6, 18) и сега ја запазил преподобната од ѕверовите, бидејќи однапред знаел на кој степен на добродетелите ќе се искачи. Кога дознале за нејзината постапка, монасите одлучиле дека е богоугодно да остане co нив.

И ја примиле co радост. Старешината на манастирот ја зел насамо и упорно ја испитувал поради која причина го прифатила монашкиот живот.

„Можеби те оптовариле долговите и заемите или си направил убиство, или не можеш да ги храниш своите деца, па затоа си решил да го оставиш светскиот начин на живот?”

„Поради ништо од реченото, оче”, – одговорила Теодора, – „туку за да се ослободам од светската бучава и за да ги оплакувам своите гревови.”

„Како се викаш^ -ја прашал великиот игумен.

А храбрата жена рекла: „Теодор ми е името.”

Тој продолжил:

„Брате Теодоре, немој да мислиш дека овде ќе живееш без мака. Доколку сакаш да го понесеш бремето на послушанието знај дека ќе му служиш на секоја потреба на братството (и не само на оние што се во манастирот), т.е. ќе одгледуваш овошје и зеленчук, ќе носиш вода и редовно ќе навадуваш се’ што треба.

Ти ќе служиш и надвор, и кога ќе треба да одиш в град, нема да одбиеш. Реченото, пак, за тебе нема да биде повод за занемарување на подвижничките трудови, туку ќе биде неопходно да истраеш и да не ги изоставиш постот, молитвите, вообичаеното пеење, извршувањето на секојдневните вечерни и утрени славословија, како и сите, таканаречени, часови.

Ти треба да се трудиш во преклонувањето на колената, зауздувајќи го телото, за да се соочиш co демонските напади, кои преку него ни подготвуваат падови.”

Блажената реченото добро го ставила во уши (добро го сфатила). Сметајќи дека станува збор за сладост на душата, таа ветила дека се’ ќе прави co радост. И неа ја вброиле во добрата монашка заедница.

Таа се трудела да не ги изневери своите завети на Бога, одрекувајќи се од своите телесни мудрувања и веднаш се предала на трудот, избегнувајќи секаква мрзливосг и изговор во своето служење.

Осум години секојдневно co упорност служела,  наводнувајќи ги овошјето и зеленчукот co кои се хранел манастирот, без да пропушти да го сомеле житото, да меси леб и да го вари зеленчукот, co кои се хранеле монасите, co оглед на тоа дека се труделе да го умртват своето тело.

Таа не изостанувала ни на заедничките богослужби во црквата, поради што во неа уште повеќе растела љубовта кон Бога.

Па сепак, иако строго живеела и многу се трудела, сеќавањето на старата грешка не и’ давало мир, затоа ноќе, после целодневното служење, кога требало да спие и да се одмори таа, удирајќи се во градите и плачејќи, говорела:

„Прости ми го Господи, мојот грев, што ја уништи убавината на мојата здравоумност (чистота).”

Таа најчесто одела да купува масло за јадење, жито и останати работи потребни за манастирот, пренесувајќи ги на камили. И не постоело тешко послушание во кое Теодора не била поревносна од останатите.

Пренесено од книгата “Доброслов” Прв том

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаМОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА! (…моли Го Синот Твој да нѐ избави од секое зло,…)
Следна статијаОД ЖИВОТОТ HA СВЕТИ ПАХОМИЈ