Значајно е да се нагласи и дека телото Христово на гората Тавор, како и воопшто во целиот Негов живот, постана извор на несоздадената Божја благодат, по силата на ипостасното соединување на Божјата и човечката природа.
Пред вочовечувањето, извор на несоздадената благодат беа Божјите ипостаси (личности), а сега извор станува и човечката природа во Личноста на Логосот.
Така и лицето Христово „блесна како сонцето”.
Светите отци телото коешто беше примено од Христа и коешто се обожи, го нарекуваат богоподобно токму затоа што постана извор на несоздадената благодат.
Еден пример по аналогија е сетилното сонце. Светлината постоеше од првиот ден на создавањето, додека сонцето постана извор на светлината во четвртиот ден на создавањето, кога се соедини co светлината. Така, телото Христово е богоподобно.
Тоа се кажува и во синодалните и во литургиските текстови.
И покрај тоа што телото е и се нарекува богоподобно, и покрај тоа што се обожи, сепак, не излезе од границите на човечката природа за да се претвори во Божество. Тоа го велат Моноизитите, кои тврдат дека Божјата природа ја апсорбираше човечката природа.
Меѓутоа, иако телото се обожи, сепак, остана непроменливо и не ги отфрли ниту своите природни особености, ниту и т.н. непорочни страсти што Христос ги прими доброволно.
Така, Христос и пo обожувањето на човечката природа ги задржа страстноста, трулежноста и смртноста. Секако, тоа се вели за времето пред Воскресението, затоа што пo него Христос ги отфрли трулженоста и смртносга, сите т.н. непорочни страсти.
За ова прашање ќе се каже неопходното кога ќе стане збор за Христовото Воскресение.
Тоа дека телото Христово постана извор на несоздадената благодат, има последици во црковниот живот. Ние можеме да се причестиме co телото и co крвта Христови токму поради таа причина.
Co светата Причест човекот не ја прима Божјата благодат апстрактно, туку го прима богоподобното тело Христово, кое е извор на несоздадената благодат.
Секако, тоа се вели од аспект дека не се осветува секој христијанин што се причестува, туку само оној што се има подготвено, кога е вистински и жив член на Црквата, т.е. на телото Христово.
.
Пренесено од книгата “Господовите празници” (Поглавје 7 “Преображение Христово”)