„Акатистот се чита во повеќе прилики, а не само во постот.
Светогорското предание вели дека Пресвета Богородица им се јавила на повеќе светогорци и им објавила дека, оние кои секој ден ќе го читаат нејзиниот акатист, таа нема да ги остави сами ниту во овој живот, ниту на судот, туку Самата Таа ќе ги закрилува и нема да дозволи да бидат осудени…“
КОНДАК1
Храбра наша Војвотко победоносна, ние, слугите Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице. Ho Ти, Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не’, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!
ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да И’ рече ‘Радувај се!’
И co глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи И’:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување.
Радувај се,
на Ева од солзите избавување.
Радувај се,
висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се,
длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се, зашто царски престол Си.
Радувај се, зашто Го носиш Носителот на се’.
Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува;
Радувај се,
утробо на Божественото воплотување.
Радувај се, низ Тебе тварта се обновува.
Радувај се, низ Тебе на Творецот My се поклонуваме.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота, смело на Гавриила му прозборе:
Преславниот твој глас неразбирлив е за душава моја, зашто за рождество низ бессемено зачнување зборуваш воскликнувајќи: Алилуја!
ИКОС 2
Сакајќи да го разбере недостижното за разумот,
Дева кон Тајнослужителот повика:
‘Кажи ми како е можно Син од чиста утроба да се роди?’
А тој co страв одговори ова велејќи И’ го:
Радувај се, на Советот неискажлив Тајнице.
Радувај се, на оние молчание што бараат Веропазителке.
Радувај се, на чудата Христови Началнице.
Радувај се, на повеленијата Негови втемелителке.
Радувај се, лествицо небесна no Koja Бог слезе.
Радувај се, мосту што земните на небо ги возведуваш.
Радувај се, чудо многусловено од ангелите.
Радувај се, многуоплакан поразу на демоните.
Радувај се, Светлоста надумна Си ја родила.
Радувај се, начинот никому не Си му го открила.
Радувај се, Ти Која мудрите co разум ги надминуваш.
Радувај се, Ти Која верните co смисла ги просветлуваш.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК З
Силата на Севишниот за зачнување Ја осени Неискусобрачната, и плодната утроба Нејзина нива беспрекорна стана за оние што спасение сакаат да жнеат, пеејки непрестајно:
Алилуја!
ИКОС 3
Имајќи Дева утроба Богоисполнета при Елисавета поита; а младенецот Елисаветин, познавајќи го поздравот Нејзин се зарадува, и co игра како низ песна на Богородица И’ воскликна:
Радувај се,
лозо co Ластар несовенлив.
Радувај се,
на плод бесмртен стекнување.
Радувај се,
Сотворителке на Творецот човекољубив.
Радувај се,
Ти, Која Насадителот на нашиот живот го роди.
Радувај се, ниво која обилниот плод на штедроста Го раснеш.
Радувај се,
Трпезо Која обилно очистување носиш.
Радувај се,
зашто рајската сладост ја расцутуваш.
Радувај се,
на душите пристан им приготвуваш.
Радувај се,
преслатко молитвено кадење.
Радувај се,
на сиот свет очистување.
Радувај се,
кон смртните Божјо благоволение.
Радувај се,
на смртните кон Бога дерзновение.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 4
Имајќи во себе бура на помисли сомневачки,
целомудрениот Јосиф се збуни
гледајќи Те, неискусобрачна,
за тајнобрачна мистејќи Те, Тебе, пренепорочна;
кога дозна дека од Светиот Дух е
Твоето зачнување, рече:
Алилуја!
ИКОС 4
Ја слушнаа пастирите ангелската песна што го воспеваше ллотското пришествие Христово,
та поитаа како при Пастир,
да Го видат кај лежи како Агнец непорочен,
одгледан во утробата на Марија,
запеаја и вака И’ прословија:
Радувај се,
Мајко на Агнецот и Пастирот.
Радувај се,
Трло на овците словесни.
Радувај се,
неволјо за демоните невидливи.
Радувај се,
отклучување на портите рајски.
Радувај се,
се’ небеско co земното се радува.
Радувај се,
се’ земно co небесното ликува.
Радувај се,
на Апостолите усто непремолчлива.
Радувај се,
на страстотерпците смелост непобедлива.
Радувај се,
на верата цврсто утврдување.
Радувај се,
на благодатта светло познавање.
Радувај се,
низ Тебе адот се разголе.
Радувај се,
низ Тебе во слава се облековме.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 5
Кога ја видоа богоиспратената ѕвезда, Мудреците блесокот нејзин го следеа, и
имајќи ja неа за светилник небесен
co неа крепкиот Цар Го бараа;
и пристапувајќи при Недостижниот,
ce израдуваа пеејќи My:
Алилуја!
ИКОС 5
Гледајќи Го отроците Халдејски во рацеге на Дева
Оној што co рацете луѓето ги створи,
и сознавајќи дека Он е Господарот
иако образ на слуга прими,
поитаа co дарови да My послужат
и на Благословената да И’ воспеат:
Радувај се,
Мајко на Ѕвездата незалезна.
Радувај се,
зоро на Денот таинствен.
Радувај се,
Ти огништето на прелеста го изгасна.
Радувај се,
Ти тајниците на Троица ги просветлуваш.
Радувај се,
Ти мачителот нечовечен од власта го турна.
Радувај се,
Ти Човекољубецот Христос, Господ, Го покажа.
Радувај се,
Избавителке од варварското робување.
Радувај се,
Очистителке од мрачните дела.
Радувај се,
Ти го изгасна огнот идолски.
Радувај се,
Ти пламенот на страстите го уништи.
Радувај се,
Наставнице на верните кон целомудрие
Радувај се,
на сите родови веселие.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 6
Проповедници богоносни бивајќи
Мудреците во Вавилон се вратија, исполнувајќи го пророштвото Твое
Те проповедаа насекаде, Тебе, Христа, оставајќи го Ирода ко во бунило,
кој не знае да пее:
Алилуја!
ИКОС 6
Блескајќи во Египет co светлосга на Вистината
ja испади лагата на мракот,
а идолите негови, Спасе,
не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа.
Оние што избавени беа И’ воспеваа на Богородица:
Радувај се,
на луѓето исправување.
Радувај се,
на демоните понижување.
Радувај се,
Ти силата на прелеста ја победи.
Радувај се,
Ти лагата идолска ја уништи.
Радувај се,
море, фараонот духовен што го удави.
Радувај се,
камену, жедните за живот што ги напои.
Радувај се,
огнен столбу, што ги води оние во мрак што се.
Радувај се,
покрову поширок од облаците.
Радувај се,
храно манната што ја заменуваш.
Радувај се,
Ти Која на сладоста света и’ служиш.
Радувај се,
земјо ветена.
Радувај се,
од Која мед и млеко истекува.
Радувај се Невесто Неневестна!
КОНДАК 7
Кога Симеон требаше
од овој прелестен свет да се претстави
Ти врачен му беше како младенец,
а тој Тебе и како совршен Бог Те позна; затоа восхитен
од неискажаната премудрост Твоја, воскликна:
Алилуја!
ИКОС 7
Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот
нам, на од Hero створените.
Од бессемена утроба излезе
и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да И’ воспееме
овикувајќи:
Радувај се,
цвету на нетлението.
Радувај се,
венецу на воздржанието.
Радувај се,
образот на воскресението го заблеска.
Радувај се, ангелскиот живот го објави.
Радувај се,
дрво благоплодно од коешто верните се хранат.
Радувај се,
дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
Радувај се,
Ти Која во утробата Го носеше
Избавителот на пленетите.
Радувај се,
Ти Која Го роди Исправителот на заблудените.
Радувај се,
на Судијата праведен умоление.
Радувај се,
на многуте согрешенија простување.
Радувај се,
на бедните ризо на дерзновение.
Радувај се,
љубов што го победува секое желание.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 8
Откако го видовме надумното раѓање
да отстапиме од светот
и умот свој кон небесата да го воздигнеме.
Зашто затоа великиот Бог на земјата како смирен Човек се јави,
сакајќи кон висините да ги привлече оние што My пеат:
Алилуја!
ИКОС 8
Сиот меѓу нижните беше Логосот неизглаголив, и од вишните ни најмалку не отстапи; зашто слегувањето беше Божествено, не промена на место, туку рождество од Дева, Која Бога Го роди и непрестајно слуша:
Радувај се,
место за несместливиот Бог.
Радувај се,
врато на чесното таинство.
Радувај се,
за неверните гласу сомнежен.
Радувај се,
за верните преславна пофалбо.
Радувај се,
пресвета колеснице на Оној
Кој почива врз Херувимите.
Радувај се,
преславно селение на ОнојКој почива врз Серафимите.
Радувај се,
зашто спротивностите ги соедини.
Радувај се,
зашто рождеството и девственоста ги обедини.
Радувај се,
низ Тебе гревот првороден се разреши.
Радувај се,
низ Тебе рајот за нас се отвори.
Радувај се,
клучу на царството Христово.
Радувај се,
надеж за благата севечни.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 9
Секое естество ангелско се зачуди
од великото дело на Твоето вочовечување;
зашто недостапниот Бог
Го гледаа како Човек на сите пристапен, Кој нам ни сопостои и од сите cлушa Алилуја!
ИКОС 9
Благоглаголивите говорници
како риби безгласни ги гледаме
пред Тебе, Богородице,
зашто не умеат да кажат
како Дева остана и возмогна да родиш. Ние, пак, од таинството восхитени, верно воспеваме:
Радувај се,
на премудроста Божја живеалиште.
Радувај се,
на Промислата Негова сокровиште.
Радувај се,
мудрите немудри ги јави.
Радувај се,
краснозборците во немост ги остави.
Радувај се,
лукавите соблазнители полудеа.
Радувај се,
баснотворците во безумие пропаднаа.
Радувај се,
Ти ја раскина мудроста Атинска.
Радувај се,
Ти ја полниш секоја мрежа рибарска.
Радувај се,
од понорот на незнаењето извлекуваш.
Радувај се,
мнозина co разум ги просветлуваш.
Радувај се,
корабу за оние спасение што бараат.
Радувај се,
пристаниште на оние што по животот пловат.
Радувај се, Невесто Неневестна!