АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ГОСПОД НАШ ИИСУС ХРИСТОС

КОНДАК 1ː

Војводо и Господи, Бранителу наш, и на адотот Победителуː јас, созданието Твое и работ Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофалби Ти оддавамː Ти Кој неизречено милосрдие имаш, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувамː Иисусе, Сине Божји, помилуј ме.

ИКОС 1ː

На Ангелите Создателу, и Господи на Силите, отвори го немоќниот ум и јазик мој за пофалба на пречистото име Твое, како што во дамнина на глувиот и немиот, слухот и јазикот им го одврза, па зборуваа повикувајќи вакаː Иисусе сѐчудесен, на ангелите удивление; Иисусе сѐсилен, на прародителите избавление; Иисусе преслатки, на патриарсите величание; Иисусе преславен, на царевите укрепување; Иисусе сѐљубов, на пророците исполнение; Иисусе прекрасен, на мачениците оснажение; Иисусе претихи, на монасите радост; Иисусе премилостив, на презвитерите сладост. Иисусе сѐмилосрден, на посниците воздржание; Иисусе сѐслатки, на преподобните радование; Иисусе пречесен, на девствените целомудрие; Иисусе предвечен, на грешниците спасение.

Иисусе Сине Божји помилуј ме!

КОНДАК 2ː

Како што во она време, Господи, гледајќи ја вдовицата како силно плаче, се умилостиви, и синот нејзин кој на погребение носен беше го воскресна; така и кон мене смилувај се, Човекољупче, и воскресни ја со грев усмртената душа моја, која ти повикуваː

Алилуја!

ИКОС 2ː

Разумот неопитен да го разбере искајќи, Филип глаголашеː Господи покажи ни Го Оца. А Ти му одговориː Толку време со Мене си, зарем не позна дека Отецот е во Мене, и Јас во Оца Сум? Затоа јас, Неопитни, со страв Ти повикувамː Иисусе, Боже предвечен; Иисусе, Цару сѐсилен. Иисусе, Владико долготрпелив; Иисусе, Спасе премилостив. Иисусе Пазителу преблаг мој; Иисусе, очисти го гревот мој. Иисусе, отми ги беззаконијата мои; Иисусе, отпушти ги неправдите мои. Иисусе, надеж моја не оставај ме; Иисусе Помошнику мој, не отфрлај ме. Иисусе, Создателу мој, не заборавај ме; Иисусе, Пастиру мој, не погубувај ме.

Иисусе Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 3ː

Со Силата Вишна, Иисусе, апостолите кои во Ииерусалим седеа, ги облече, и мене соголениот од секое доброчинство, со Топлината на Светиот Дух облечи ме, и дај ми со љубов да ти пеамː Алилуја!

ИКОС 3ː

Имајќи богато милосрдие, Иисусе, митарите и грешниците, и неверниците ги призва; не презри ме и мене сега, ним подобниот, но како бесценето миро, прими ја оваа песнаː Иисусе Сило непобедлива; Иисусе Милост бесконечна. Иисусе Красото пресветла; Иисусе Љубов неискажана. Иисусе, Сине на Бога Живиот; Иисусе, помилуј ме мене грешниот. Иисусе, услиши ме мене во беззаконијата зачнатиот; Иисусе, очисти ме мене во гревови родениот. Иисусе вразумии ме мене непотребниот; Иисусе освети ме мене темниот. Иисусе очисти ме мене скверниот; Иисусе возведи ме мене блудниот.

Иисусе Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 4ː

Внатрешна бура од помисли сомнежливи имајќи, Петар почна да тоне; Но гледајќи кај во тело Сушт по вода одиш, Иисусе, Те позна Тебе, Бога вистинскиот, и добивајќи рака на спасение, речеː Алилуја!

ИКОС 4ː

Слушајќи, Господи, кај по пат минуваш, слепиот извикаː Иисусе, Сине Давидов, помилуј ме! А Ти дозивајќи го, очите му ги отвори. Така, просвети ги, со милоста Своја, духовните очи на срцето мое, мене кој воспевам и глаголамː Иисусе, на небесните Создателу; Иисусе на земните Искупителу. Иисусе, на преисподните Истребителу; Иисусе, на сета твар Украсителу. Иисусе, на душата моја Утешителу; Иисусе, на умот мој Просветителу. Иисусе, на срцето мое Веселие; Иисусе, на телото мое Исцеление. Иисусе, Спасе мој, спаси ме; Иисусе, Светлост моја, просвети ме. Иисусе, од секаква мака избави ме;

Иисусе, мене недостојниот спаси ме. Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 5ː

Како што во дамнина, со божествената Крв Своја од клетвата законска нѐ избави, Иисусеː така избави нѐ од стапицата во која змијата нѐ заплетка со плотски страсти, и блудни искушенија и зло униние, нас кои Ти повикувамеː Алилуја!

ИКОС 5ː

Познавајќи Го отроците еврејски во образ човечки Оној Кој со рака човекот го создаде, и разбирајќи дека е Он – Владиката, поитаа да со гранчиња почит му оддадат, воспевајќи осана! Ние пак песна Ти принесуваме, глаголајќиː Иисусе Боже вистинскиː Иисусе Сине Давидовː Иисусе Цару преславенː Иисусе Агнецу непороченː Иисусе Пастиру прекрасенː Иисусе Пазителу во младоста мојаː Иисусе Чувару во јуноста мојаː Иисусе похвало во староста мојаː Иисусе надеж во смртноста мојаː Иисусе животу по смртта мојаː Иисусе утешение мое на Судот Твојː Иисусе желбо моја, не посрамувај ме тогашː

Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 6ː

На проповедниците богоносни проповедите и словата исполнувајќи ги, Иисусе, на земјата се јави, и несместлив, со луѓето поживеа земајќи ги на Себе болестите наши. Така, со раните Твои исцелени, научивме да Ти пеемеː Алилуја!

ИКОС 6ː

На вселената ѝ заблеска светлоста на вистината Твоја, и се сотре прелеста демонскаː а идолите, Спасе наш, не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа. Ние пак, спасение добивајќи, Ти воспевамеː Иисусе Вистино, што прелеста ја одгонуваː Иисусе Светлино, што секоја светлост ја надминува! Иисусе Цару, што секоја крепост ја надминуваː Иисусе Боже, Кој во милост секогаш пребива! Иисусе, Лебу животен, насити ме мене гладниотː Иисусе, Извору на разум, напој ме мене жедниот! Иисусе, Одеждо на веселие, облечи ме мене трулежниотː Иисусе, Покрову на радост, покриј ме мене недостојниот! Иисусе, Подателу на просителите, дај ми плач за гревовите моиː Иисусе, наоѓање на искателите, најди ја душата моја! Иисусе, Ти Кој им отвораш на оние што чукаат, отвори го бедното срце моеː Иисусе, Искупителу на грешните, очисти ги беззаконијата мои!

Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 7ː

Сакајќи сокриената од вавек Тајна да ја откриеш, како овца на заколение Си бил воден, Иисусе, и како јагне нем пред оние кои го стрижат. И како Бог од мртвите Си воскреснал, и со слава на небесата Си се вознел, и нас со Себе Си нѐ подигнал, кои воскликлнувамеː Алилуја!

ИКОС 7ː

Прекрасна тварта ни ја покажа, Творецот нам јавувајќи ни сеː Бессемено од Девојка се воплоти, воскресна не кршејќи го печатот од гробот, и при апостолите, низ врата затворена, со телото влезе; зарад-тоа восхитувајќи се да запеемеː Иисусе, Слово несогледливоː Иисусе, Сила несовладлива! Иисусе, Мудрост непоимвливаː Иисусе, Божество неописивоː Иисусе, Господство неизмерно! Иисусе, Царство непобедливоː Иисусе, Владичество бесконечно! Иисусе, Крепост највисокаː Иисусе, Власт вечна! Иисусе, Творче мој, уштедри ме; Иисусе, Спасе мој, спаси ме!

Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 8ː

Гледајќи како Бог чудесно се вочовечи, да отстапиме од суетниот свет и умот свој кон божествени нешта да го исправимеː Зашто затоа Бог на земјата слезе, да нѐ возведе на небесата нас кои му воспевамеː Алилуја!

ИКОС 8ː

Сиот беше меѓу земните, и од небесните не отстапи, Безмерен, кога нас-ради доброволно пострада, и со смртта Своја нашата смрт ја умртвиː и со воскресение живот им подари на оние кои воспеваатː Иисусе сладост на срцето; Иисусе крепост на телотоː Иисусе светлост на душатаː Иисусе бистрина на умот! Иисусе радост на совестаː Иисусе надеж сигурна! Иисусе памјат предвечнаː Иисусе похвало високаː Иисусе славо моја возвишена! Иисусе желбо моја не отфрлај меː Иисусе пастиру мој побарај ме! Иисусе Спасе мој спаси ме!

Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 9ː

Сето естество ангелско го слави на небесата непрестано пресветото Име Твое, Иисусе, Свет, Свет, Свет, воспевајќиː ние пак грешни на земјата, со усни валкани воспевамеː Алилуја!

ИКОС 9ː

Говорници речити, како риби безгласни пред Тебе гледаме, Иисусе Спасе наш, немоќни да објаснат како, и како Бог неменлив и како совршен Човек постоиш; ние пак, од Таиството восхитени, со вера воспевамеː Иисусе, Боже предвеченː Иисусе, Цару на царевите! Иисусе, Владико на владетелитеː Иисусе, Судија на живите и мртвите! Иисусе, Надеж на безнадежнитеː Иисусе, Утеха на нажалените! Иисусе, Слава на убогите! Иисусе, не суди ми по делата моиː Иисусе, очисти ме по милоста Твојаː Иисусе, одгони го унинието од менеː

Иисусе, просвети ги моите мисли срдечниː Иисусе, подај ми памјат на смрт! Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 10ː

Сакајќи светот да го спасиш, Истоку на истоците, кон темниот запад – природата наша дојде, смирувајќи се Себе до смртː Затоа се превознесува Името Твое, над секое име, и од сите поколенија небесни и земни слушашː Алилуја!

ИКОС 10ː

Цару предвечен, Утешителу, вистински Христе, очисти нѐ од секоја скверност, како што ги очисти десетмината прокажани, и исцели нѐ како што ја исцели среброљубивата душа на Закхеја митарот, да Ти воспеваме во умиление, извикувајќиː Иисусе, сокровиште нетленоː Иисусе, богатство непотрошливо! Иисусе, јастие крепкоː Иисусе, питје неисцрпно! Иисусе, на ништите облеклоː Иисусе, на вдовиците укрепаː Иисусе, на сираците Заштитникуː Иисусе, на трудбениците Помошнику! Иисусе, Наставнику на оние што патуваатː Иисусе, Кормилар на оние што пловат! Иисусе, Пристан на оние што бура ги носиː Иисусе Боже, подигни ме мене паднатиотː

Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 11ː

Пеење сѐумилно Ти принесувам јас недостојниотː како Хананејката Ти веламː Иисусе, помилуј меː Зашто имам не ќерка, ами тело што во страсти луто беснее, и во јарост пламтиː Исцеление дај ми мене, кој Ти воспевамː Алилуја!

ИКОС 11ː

Од светоподателниот Светилник на оние што во мракот на неразумие се, Кого Павел порано Го гонеше, ја слушна силата на богоразумниот глас, и ја просвети бистрината душевнаː Така и во мене просвети ги темните зеници на душата, која повикуваː Иисусе, Цару мој прекрепокː Иисусе, Боже мој пресилен! Иисусе, Господе мој пребесмртенː Иисусе, Создателу мој преславен! Иисусе, Наставниче мој предобарː Иисусе, Пастиру мој сѐштедар! Иисусе, Владико мој премилостивː Иисусе, Спасе мој премилосрден! Иисусе, просвети ги сетилата мои од страсти помрачениː Иисусе, исцели го телото мое со гревови раносано! Иисусе, очисти го умот мој од помисли суетниː

Иисусе, сохрани го срцето мое од похоти лукави! Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 12ː

Благодат подај ми, Опростителу на сите долгови, Иисусе, и прими ме мене кој се каам, како што го прими Петра кој се откажа од Тебе, и повикај ме мене потиштениот, како Павла кој некогаш Те гонеше, и услиши ме мене, кој Ти повикувамː Алилуја!

ИКОС 12ː

Воспевајќи го вочовечувањето Твое, сите Те славиме, и со Тома веруваме дека Господ и Бог Си, Кој со Оца седи и повела на живите и мртвите да им суди. Тогаш удостој ме со стоење оддесно-Тебе и мене кој ти повикувамː Иисусе, Царе предвечен помилуј меː

Иисусе, цвете благоухан, намирисај ме! Иисусе, топлино блага, огреј меː Иисусе, Храму предвечен, засолни ме! Иисусе, одеждо светла, украси меː Иисусе, бисеру скапоцен, заблескај ме! Иисусе, скапоцен камену просвети меː Иисусе, сонце на правдата, озари ме! Иисусе, светлост света, освети меː Иисусе, од болест душевна и телесна избави ме! Иисусе, од рака противничка отми меː Иисусе, од оган незгаслив и од сите маки вечни ослободи ме!

Иисусе, Сине Божји, помилуј ме!

КОНДАК 13ː

О преслатки и сѐштедри Иисусе! Прими го сега ова мало моление наше, како што вдовицата двете лепти ги примиː и сохрани го достојанието Твое од враговите видливи и невидливи, од наезда на иноплеменици, од болест и од глад, од секоја скрб и рани смртни, и од идните маки избави ги сите што Ти повикуваатː Алилуја!

Овој кондак се кажува трипатиː И потоа повторно првиот икос,

И потоа повторно првиот кондакː

ИКОС 1ː

На Ангелите Создателу, и Господи на Силите, отвори го немоќниот ум и јазик мој за пофалба на пречистото име Твое, како што во дамнина на глувиот и немиот, слухот и јазикот им го одврза, па зборуваа повикувајќи вакаː Иисусе сѐчудесен, на ангелите удивление; Иисусе сѐсилен, на прародителите избавление; Иисусе преслатки, на патриарсите величание; Иисусе преславен, на царевите укрепување; Иисусе сѐљубов, на пророците исполнение; Иисусе прекрасен, на мачениците оснажение; Иисусе претихи, на монасите радост; Иисусе премилостив, на презвитерите сладост. Иисусе сѐмилосрден, на посниците воздржание; Иисусе сѐслатки, на преподобните радование; Иисусе пречесен, на девствените целомудрие; Иисусе предвечен, на грешниците спасение.

Иисусе Сине Божји помилуј ме!

КОНДАК 1ː

Војводо и Господи, Бранителу наш, и на адотот Победителуː јас, созданието Твое и работ Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофалби Ти оддавамː Ти Кој неизречено милосрдие имаш, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувамː

Иисусе, Сине Божји, помилуј ме.
+ + +

МОЛИТВА кон нашиот Господ Исус Христос:

Владико, Господи Исусе Христе, Боже мој,

Ти, Koj пo неискажаното Твое човекољубие, кон крајот на вековите во тело се облече од Приснодева Марија; ја славам спасоносната Твоја промисла за мене, јас слугата Твој Владико,

Ти песнословам, зашто низ Тебе Го познав Отецот Небесен.

Те благословувам, зашто заради Тебе и Духот Свет во светот дојде. И се поклонувам на Твојата по плот Пречиста Мајка, Која ѝ послужи така на страшната Тајна.

Ги прославувам Твоите ангелски хорови, како славители и служители на величеството Твое. Чест му воздавам на свети Јован Претеча кој Те крсти, Господи.

Ги почитувам и пророците кои те претскажаа и светите Твои апостоли ги прославувам. Ги празнувам мачениците и свештениците Твои ги славам.

На преподобните Твои им се поклонувам и ги славословам праведните Твои.

Таков и толку по ликови многучлен собор божествен на молитва jаc, слугата Твој пред Тебе приведувам, сештедар Боже, и прошка молам за гревовите мои, заради сите светии Твои, a уште повеќе заради светите добрини Твои, зашто си благословен вечно.

Амин!

Изворː ДОМОСТРОЈ, РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО, ’93, бр. 3 / 4.