Не суди за да не бидеш суден
Како правило, оној што осудува некого, ја има истата страст во себе. Светителите, дури и со свој пример, не поучуваат да не му судиме на грешникот.
„Едно демонизирано момче дошло еден ден за да се излекува, и браќата од Египетскиот манастир го примиле. Како старец, свети Јован Персиски, излегувајќи, видел еден од браќата како греши со момчето, но тој не го обвинил него, туку само си рекол на себеси:
„Ако Бог, Кој ги создал и ги гледа и не ги изгорува, кој сум, пак, јас за да ги обвинувам?”
Свети Нил јасно вели:
„ Дури и ако некогаш го видиш нај нечистиот од сите нај нечисти луѓе и најзлобниот од сите најзлобни луѓе, дури и тогаш не треба да го осудуваш тој човек. Прави го ова и Бог нема да го напушти тој човек, и нема да дозволи тој да биде роб на ѓаволот”.
„Ако некој верува злобно за верата (т.е. еретички), бегај од него и немај веќе ништо со него – не само ако е човек, туку дури и да е ангел небесен.
Сепак, не го критикувај неговиот живот; бидејќи зборовите „Не судете за да не бидете судени” се однесуваат на сите нешта од животот, а не на предметите од верата”. – Свети Јован Златоуст, (втора Омилија на Второто послание до Тимотеј)
Луѓето ја осквернуваат својата уста кога раскажуваат за валканите дела на клирот. Истото се случува кога тие размислуваат за овие нешта во своите умови.
Подобро би било ние да се сметаме за грешници заедно со нив. Но подобро е да не се трудиме да ги потврдуваме или дури пресметуваме грешките на другите, туку да се грижиме само за нашите.
СОСТРАДАЛНИ УТРОБИ
Ние треба со сострадание да го покриваме падот на нашиот брат. Нашите отци секогаш биле сострадателни кон грешниците. Оној кој паднал во страст е болен. Нему му треба молитва и грижа. Особено кога тој е наш духовен отец.
Ние несвесно се издигнуваме себеси над клирикот, дури и без да кажеме збор, кога судиме за неговите падови, како што тоа го правел фарисејот со митникот. Така ја добиваме соодветната „награда” на фарисејот.
Клирикот кој греши е во страшна позиција. Јавно исмевајќи го не е најдобриот начин да му помогнеме. Постојат соодветни авторитети кои треба да ја средат таквата ситуација, и ние мораме да се обратиме кон нив, ако забележиме такво нешто.
Треба ли да ги избегнуваме?
Дали ова значи дека треба да ги избегнуваме службите на грешниот клирик и да избегнуваме комуницирање со него, пред да биде донесена одлука од Црковниот суд?
Скраја да е, а ако се случи ова, тогаш нам ни треба помош, како на древните христијани.
Еднаш на старецот Јосиф Оптински му кажале за една жена која починала без Светите Таинства бидејќи не сакала да прими Света Причест од нејзиниот парохиски свештеник, за кого знаела многу лоши работи.
Старецот се нажалил за нејзината смрт и рекол дека никој не треба да се вознемирува од животот на свештеникот, бидејќи неговата рака само го извршува Таинството, а благодатта го совршува Таинството.
Тогаш тој им раскажала како еден светител, кој заболел од неизлечлива болест, посакал да ги прими Светите Таинства. Најблискиот свештеник бил многу порочен и, очигледно, потполно недостоен за свештенство. Светителот се вознемирил, но тогаш, откако ги совладал своите помисли, го повикал свештеникот.
За време на причестувањето, Господ го удостоил за видение: видел дека ангелите му ја даваат Светата Причест.
Сепак, луѓето денес го советуваат сосема спротивно: Тие им велат на другите дека недостојниот клирик треба да се избегнува; и го нарекуваат овој принцип „свет и духовен”.
Лесно може да се докаже во светлината на живото предание дека овие совети се потполно неисправни.
Христијанинот во никој случај не може да биде повреден од примањето на Света Причест од грешен свештеник, туку може да добие само полза. Порочноста и грешноста на еден православен свештеник во никој случај не може да ги спречи Божјите благослови да слезат врз неговата паства, исто како што добродетелноста на свештеникот не е таа што им ги предава.
СЛУЖЕЊЕТО НА РАЗВРАТНИОТ СВЕШТЕНИК
Старецот Филотеј Зервакос од островот Парос во Грција сакаше да зборува за еден лаик, кој често одеше на служби во храмот на свети Елисеј во близина на Атина, заедно со Пападијамантис, грчки писател, и со други побожни души кои ги посетувале службите таму.
Кога овој лаик ќе слушнел дека некој свештеник со „лош” углед ќе служи некаде, тој веднаш одел на таа служба. Кога некој од љубопитност ќе го прашал зошто го прави ова, тој ќе одговорел:
„Таму еден ангел им дава Причест на верните”.
Многу луѓе, по некој скандал во Црквата поврзан со пари, мислат дека е доволно да запалат само свеќа, како што велат, бидејќи се разочарани од злоделата и се неволни да и понудат нешто повеќе на Црквата.
Овде тие, повторно, грешат. Дај и` ги на Црквата првите плодови на твоите богатства и приноси, вели свети Јован Дамаскин, без да испитуваш каде ќе одат и како ќе бидат потрошени.
Би било добро за верните да им дадат на новинарите нешто што ќе им биде од полза, како што е осигурување за невработени, па така овие несреќници да не трпат повеќе осудувања врз своите глави.
И наместо да им дозволиме – како што знаат луѓето – да работат дење и ноќе, блуејќи нешто толку непоучно, да го примениме она што некој им го рече на оние кои имаат уши да слушаат: „Твојот телевизор има и копче за исклучување”.
„Не само на цела Грција”
Германскиот весник Deutsche Zeitung (март, 7, 2005), известувајќи за скандалите кои во последно време ја потресоа Црквата во Грција, ја надградил титулата на Архиепископот Христодолус, нарекувајќи го „Архиепископ на цела Грција и на Содом и Гомор”.
Новинарите, и оние домашните и оние од страна, сепак, згрешиле тотално, во нивните проценки. Моралот на клирот не е проблем.
За време на една дискусија во Синодот за овие престапи од морална и канонска природа, митрополитот на Месогија, Николај, изјавил дека е вчудовиден од нештата што ги слушнал:
„Што треба да правам јас со ваков Синод?
Ова не е ерархија. Јас се срамам од тоа што сум Митрополит. Светиот Дух не пребива тука” – кажал тој.
Ниту, пак, ова е проблемот. Светиот Дух не се повлекува од Црквата како последица на личните гревови на нејзиниот клир.
Свети Анастасиј прецизно вели:
– „Свештеникот не смее да греши во догматите кои се однесуваат на Бога; за се` друго, ти не си соодветен судија, зашто ги знаеш своите ограничувања и тоа, дека не си го загубил целосно твојот ум”.
Свети Јован Златоуст вели:
„Сите да си ја гледаме својата работа. Зашто ако некој проповеда изопачено учење, па дури и да е ангел, не го слушајте; но ако некој ја проповеда вистината, внимавајте на неговите зборови, не на неговиот живот”.
Што се однесува до верата, никој не прозборе ниту збор.
Верата е токму суштинското прашање. Но се чини дека ниту новинарите, ниту ерарсите не ја сфаќаат важноста на верата.
Гревот не го одвојува верниот човек од Црквата, но лажните учења овозможуваат да биде растргнат како од диви животни.
Заедничарењето со православен свештеник, дури и да е грешен, во никој случај не го повредува оној кој пристапува кон Причест. Недостојниот свештеник може да ги извршува спасителните Свети Таинства, дури може да прави и чуда, наспроти неговата недостојност.
Ереста, сепак е полоша од плотските гревови. Благодатта ги напуштила неправославните. Само во тој случај се препорачува свештеникот да биде отфрлен; дури и ако делата на еретикот се беспрекорни, неговата светост е прочуена и тој е фален од страна на сите.
Православниот верник нема друга можност, освен да ја одвои болната овца од заедницата. Во спротивно, тој ќе биде осквернет од заедничарењето со ереста.
„Не судете за да не бидете судени” оваа фраза е добра, посебно за личните гревови на свештениците. Но што се однесува до нивната вера, нивното јавно исповедање, се применуваат спротивните зборови:
Суди, испитувај.
Мегу сите еретички учења кои се распространети во изобилие и успеваат денес во помесните „Православни” цркви, завршуваме со еден неодамнешен цитат од еден теолог и универзитетски професор од Грција, кој ги коментира следниве зборови на неговиот надлежен епископ:
„Црквата е силата на елинизмот и духовно прибежиште на нашиот народ. Токму затоа сите ние сме обврзани да ја штитиме во позитивна смисла” (Архиепископ Христодолус)
„Да, Црквата за архиепископот Христодолус не претставува Егангелие на надеж, ниту извор на просветлување во нашиот живот. Попрво таа е потпора на национализмот…
Оваа изјава сама по себе покажува неспоредливо многу побезнадежно пропаѓање, од многуте објавени гревови на некои неморални клирици. Ова е оддалечување од Црковната вистина.”
Тоа е проблемот.
Извор: Десетто издание на „Православна светлина“