ПОКАЈНО ПРАВИЛО ПРИ ОСКВЕРНУВАЊЕ
ТРОПАРИ
Пастиру добар, Кој душата Своја си ја положил за нас, Ти го знаеш она што од мене тајно е сторено. Единствен Благи! Co разум нахрани ме мене заблудениот и од душевниот волк избави ме, Агнецу Божји и помилуј ме!
Обременет сум co сонот на унинието и прелест гревовна ме помрачува; но, дарувај ми утро на покајание, просветувајќи ми ги очите духовни, Христе Боже, co просветување на душата Moja и спаси ме.
+ + +
Bo магла гревовна и сласти житејски заплеткан, разумот на бедната душа моја страсти најразлични пораѓа и во мисла кон умиление никогаш не приоѓа.
Но Ти, Спасителу, умножи го моето смирение и мисла умилителна дај ми, та и јас, спасен пред крајот мој, на Твојата милосрдност да и’ повикам:
„Господи Христе, Спасителу мој, спаси ме мене безнадежниот и недостојниот!”
Како од разбојници нападнатиот и ранет, така и jac од многу гревови сум нападнат и ранета е душата моја. Кон кого да прибегнам јас клетиот, освен кон Тебе, милосрден Лекару на душите? Излеј ја над мене, Боже, Твојата велика милост!
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Како блудниот син, доаѓам и јас при Тебе, Сештедар; прими ме Оче, се враќам како еден од наемниците Твои, Боже, и помилуј ме!
И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Избави не’ Богородице, од гревовите co кои сме опседнати; оти ние верните друга надеж немаме, освен Тебе и од Тебе родениот Господ.
Господи помилуј (40 пати) и 50 поклони co молитвата:
Боже, биди милостив кон мене и прости ми мене блудниот, заради Твоето свето име!