ОД АНТИОХ ПАНДЕКТ

ОСАТА го јаде трудот на пчелите. И еден мрзлив брат го расипува добродетелниот живот на братството. Еден плашлив војник ги врзува рацете на останатите војници.

И еден немарен брат ја ослабува желбата на братството, поради што, Бог строго ќе го казни.

Чедо мое, подобро е некој да живее co малкуте кои му се на Бога угодни, отколку co многуте кои ги пренебрегнуваат Господовите заповеди.

Зашто, каде што има страв Божји, ќе се најде и љубов и слога. И Господ е помеѓу нив. A каде што нема страв Божји, има неслога и љубомора. A каде што има љубомора или завист, лукавиот наоѓа радост за себе.

Подобро е да живееме co оние малкумина што добро (христијански) живеат и се однесуваат, отколку co мнозинството што живеат како што не треба, како што не’ поучува и божественото Писмо.

Проповедникот вели: He радувај се кога се намножуваат, ако во нив страв Господен нема. (Сир. 16, 2) Еден праведник е подобар отколку илјада грешници. Ha собир од грешници оган ќе се разгори. (Сир. 16, 6)

И на друго место вели:

He пожелувај мноштво непримерни деца; не радувај се на синови безбожни. He радувај се кога се намножуваат, ако во нив страв Господен нема. He надевај му се на нивниот живот и не потпирај се на нивниот број.

Подобро е и само еден, отколку илјада; подобро е бездетен да умреш, отколку безбожни деца да имаш. Зашто од еден разумен човек град се населува, (Сир. 16, 1-4)

ОД АВА МАРКО

ГЛЕДАЈЌИ дека двајца лоши имаат љубов помеѓу себе, знај дека си помагаат во злото.

Горделивиот и суетниот co задоволство се среќаваат меѓусебно.

Горделивиот го фали суетниот, кој се однесува ропски кон него, а суетниот го издигнува горделивиот, кој постојано го фали. Замини далеку од нив, за да не учествуваш во штетата што ја предизвикуваат.

ОД СТАРЕЧНИКОТ

ЕДЕН брат го прашал старецот, говорејќи:

„Ако видам дека некој од оние што живеат co мене се враќаат во светот, како ќе успеам да не се соблазнам?”

А старецот му одговорил:

„Ти треба да мислиш на кучињата што ловат зајаци. Едно куче, штом ќе види зајак, го брка, без разлика на препреките, се’ додека не го фати. Останатите кучиња, кои не го гледаат зајакот, туку само кучето што го брка, и самите донекаде трчаат. Меѓутоа, подоцна гледаат да се вратат назад.

Кучето, пак, што го видело зајакот и го брка, не престанува да трча се’ додека не го фати. Тоа не ги забележува кучињата што се вратиле назад, ниту, пак, се грижи за провалиите и за густите растенија и трња, тие ни најмалку не го попречуваат.

Тоа секогаш и’ е предано на целта поради која трча и го гледа само она што го лови. И оној што Го бара Владиката Исус и кој трча да го стигне, секогаш внимава на крстот.

Тој се’ превидува и ги надминува сите соблазни што го среќаваат, се’ додека не го стигне распнатиот и се’ додека живо и трајно не го задржи во себе.”

ОД СВЕТИ ЕФРЕМ

НЕПРИЈАТЕЛОТ се труди немарните браќа да ги наоружа против ревносните. Меѓутоа, ако се внимателни, ревносните поради немарните наоѓаат духовна активност и корист, трпејќи ги нивните слабости заради Господа.

Оној што ќе покаже милост кон својот ближен и самиот ќе најде милост од Господа.

Зашто, на судот нема да има милост за оние што не покажале милост. (Јк. 2, 13)

Немој да го следиш својот брат во гревот. Напротив, доколку е возможно, потруди се и него да го извлечеш од гревот, за вашите души да живеат во Бога.

Стравот Божји секогаш да ти биде пред очи и гревот никогаш нема да те надвладее.

Извадок од книгата “Доброслов” прв том

Претходна статијаШТО ВЕЛИ НАУКАТА ЗА КРСТНИОТ ЗНАК И НЕГОВАТА СИЛА!
Следна статијаПРОТИВ БОГОБОРНОТО И ЦРКВОБОРНО БАЕЊЕ, ГАТАЊЕ, ЈАСНОВИДСТВО…(следува серија текстови на оваа тема)