Здраво!
Ако може отецот да ни разјасни која е разликата помеѓу расудување и осудување?
Како што имам слушнато границата помеѓу двете е тенка и човек може лесно од расудување да премине во осудување.
Ако го мразиме гревот а не личноста, дали тогаш гневот кон лошо дело, збор, намера е оправдан?
Ви благодарам.
Одговор на отец Горан:
Расудување е дар на Светиот Дух, резултат на аскетскиот труд од очистување на срцето од страстите и просветленоста на умот преку умносрдечната молитва.
Расудува оној кој разумот го ставил во функција на умот Христов, и така преку Духот Свети расудува.
А, осудува оној кој не се моли за сите, и нема можност да го добие дарот да расудува.
За да го мразиме гревот треба себе да се погледнеме!