Прашање до свештеникот:

Незнам каде грешам но повредена сум од жена на која и ги имам држено децата пред Бога и ставени во вера. Православна сум веруваам во Господ, знам дека постои сум го осетила и верувам во него.

Од мојата кумашинка сум наречена слаба како стап и кучка , без никаква причина иако цели 12 год и помагам зас се`. Кажете ми како да и одговорам на коментарот кучка не сакам да сум грешна пред Господ.

Благодарам

 

 Одговара отец Горан:

А, како да и одговориш пред Господ освен со трпение и да не вратиш со иста мерка, односно да возвратиш со простување.

Не држи до своето его, а кога ќе се смират работите ќе поразговарате. Но, на она што ќе биде простено не треба да се навраќаме, освен како потсетник што правиме за добро или лошо во нашите лични односи.

Претходна статијаПет лебови и две риби…! (Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 14:14-22)
Следна статијаНема мали или големи гревови, грев е грев. Секој грев раѓа нов грев! (На ваши прашања одговара свештеникот)