Прашање
Во дилема сум:
Дали за секој помал грев е потребно да се јавуваме кај нашите духовници за добивање благослов.
И дали е важно пред секој пост да земаме благослов од свештеникот?
ОДГОВОР од свештеникот:
Добро е не само пред секој пост, туку пред секоја една работа да го просиме благословот од духовникот. Какво само олеснување ни носи тој благослов…
Но мое мислење е да го правиме сето тоа со расудување.
А за помалите гревови… Нема мали или големи гревови, грев е грев. Секој грев раѓа нов грев!
Малите падови настануваат заради преголемата слобода што си ја дозволуваме во однесувањето.
А демонот не лаже убедувајќи не дека тоа што сме го направиле не мора да го исповедаме, бидејќи заради високото мислење за себе, си мислеме дека сме искусни (сметаме дека правилно расудуваме во одредени ситуации) и дека не треба да го замараме духовникот со глупости.
Мојот духовник вели, дека така започнуваат големите падови , чиј прв знак е прекин на редовната исповед кај духовниот отец (недозволиво за првиот степен, чиј процес е чистењето на срцето од страстите).