Прашање:

Отец, што е поголем грев, односно што е пополезно?

– Да одиш на литургија, неволно да ја слушаш литургијата со мислите некаде којзнае каде, притоа зјапајќи во луѓето околу себе, анализирајќи ги, судејќи во мислите зошто некој се накашлал, те поттурнал или задоцнил па ти смета (иако можеби и самиот сум дошол 2-3 минути порано и истото го помислил и некој за мене) и на крај причестување со тајните Христови.

ИЛИ:

– Сум се успал или ме мрзело да одам на литургија, но, сепак подоцна, покајнички одам во црква и притоа (можеби од грижа на совест што не отидов на литургија) доживувам покајание и СОЛЗИ при изговарањето на Исусовата и молитвата кон Пресвета Богородица.

Нели, за нас на првиот степен е реткост таква искрена молитва…

Одговор – Отец Горан:

Второто е евангелски Петар, а на првото и да сме таму исто како да не сме, (доколку не сме се симнале во срцето, скришната одаја, како што поучува Спасителот).

Да се потсетиме на параболата за двајцата синови на Господарот, едниот вети дека ќе оди на нива и ќе ја заврши работата, а не отиде,другиот син рече дека нема да оди, но се покаја, отиде и ја заврши работата.

Христос ни дал секаков пример, Него да го следиме согласно благословот на духовниот отец и трудот во молитвата.

За солзите реткост или не, види со духовникот, ако нема гордост, тогаш согласно трудот во молитвата добиваме дар (некому мир, некому умиление….) да внимаваме да го задржиме дарот!

Не очекува многу труд, особено да се молиме за другите, ако веќе имаме солзи.

 

Претходна статијаКога не се прават длабоки поклони? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)
Следна статијаСмеат христијаните да чуваат домашни миленичиња? (Свештеникот одговара на ваши прашања)