Да се измириме, да си простиме драги луѓе!

Да се ослободиме од ропството на сите световни разлики, идеологии и страсти кои ни го помрачиле умот до таму, што не гледаме дека мислејќи и творејќи зло на другиот, најголемото зло себе сме си го направиле.

Не е тоа нашата природа, не е тоа наше дело.

Не е тоа нашиот лик, ниту патот кон животот кој ни е ветен.

И треба да го знаеме и да го разобличиме што поскоро името на оној кој ни го заробил умот во расеаност и затемнетост .

Тој слободно и без пречки како во нива неоградена и неизорана во нашите умови и срца, го посеал семето на одмаздата и раздорот.

 

Не е доцна да ги читаме и разбереме богословските поуки за подвигот на кој сме повикани сите:

„Тоа е подвиг и состојба на возобновување на образот (иконата, ликот) Божји во нас – основа за достигнување на подобие Божјо.“

Да се измириме ние барем, браќата и сестри во Христа, Христа ради!

Како поинаку, со кои очи, реално ќе го видиме и ќе се присоединиме со Ликот Христов во светлината на Воскресението?

(Од преданието на светите отци)

Претходна статијаНишто не донесовме на светот и ништо нема да изнесеме од него…!
Следна статијаПостот и воздржувањето го смируваат бунтот на телото…! (Свети Григориј Палама)