Псалм 14 – Св. Ефрем Сирин
Искупителу на сите, спаси ме и мене, и дарувај ми солзи – за да го разрушат ѕидот што ме одвојува од Тебе.
Благодарност на Благиот, Кој слезе (од небесата) заради нас, стана подобен на нас и ги излече нашите рани со Својето свеосветувачко Тело и Својата свеосветувачка Крв!
Нека сѐ и сите Ти вознесуваат пофалба Тебе!
Му благодариме на Милосрдниот, Кој непрестајно го носи нашето бреме, иако Нему Му е позната нашата злоба, – Кој нѐ создаде, нѐ храни и му заповеда на сонцето да свети за нас!
Благодарност за Неговата благост!
Отвори ми ги дверите на милосрдието, Господи наш, Кој си со добрина исполнет; подај ми ја раката Своја, Благи и Милстиви, и врати ме во стадото Твое, за да ја славам Твојата благост.
Моите гревови се ѕид меѓу мене и Твојата добрина. Разруши го, за да можам да пристапам кон Твоето милосрдие; излеј ја на мене Твојата љубов и воздигни ме до Твоите висини.
Но, ѕидот од гревовите мои се разрушува со солзи и скрушеност; затоа дај ми сите денови на мојот живот соодветно да ги оплакувам моите гревови и да собирам за себе плодови, кои ќе ми бидат од корист во Денот на Судот.