Едно од чудата на Свети Никола

Големиот угодник Божји поживеа многу години во градот Мир, блескајќи co Божествени украси. Откако достигна длабока старост, светителот и’ го исплати општиот долг на човечката природа, а претходно малку одболедува co телото, добро го заврши привремениот живот и co радост и псалмопеење помина во блажената вечност, спроведен од светите ангели и пресретнат од соборот на Светиите.

На неговиот гроб се собраа епископите од Ликиската област co целиот клир и монасите и безбројно мноштво народ од сите градови.

Чесното тело на светителот беше co чест положено во соборната црква на Мирската митрополија.

Од светите мошти на Божјиот угодник стануваа многу чуда, зашто неговите мошти точеа благомирисно и целебно миро, од коешто болните се помазуваа и добиваа здравје. Од таа причина на неговиот гроб притекнуваа луѓе од сите краишта на земјата, барајќи исцеление за своите болести, и наоѓајќи.

Зашто co ова свето миро се исцелуваа сите болести, не само телесните туку и духовните и се изгонуваа злите духови. Бидејќи Светителот не само за време на животот туку и откако се престави, се устремуваше на демоните и ги победуваше, како што и сега ги победува.

Многу големи и преславни чуда изврши на земјата и по морето овој голем угодник Божји: помагајќи во неволји, спасувајќи од потопувања, извлекувајќи од морските длабочини на копно, оттргнувајќи ги луѓето од ропство и пренесувајќи ги во нивните куќи, избавувајќи од окови и затвори, заштитувајќи од смрт co меч, ослободувајќи од смртга, давајќи им многубројни исцелувања на мнозина, на слепи прогледување, на глуви слух, на неми говор.

Тој збогати мнозина што страдаа во беда и гола сиромаштија, на гладните им даваше храна и на сите во секоја неволја им беше помошник и срдечен застапник, брз бранител и заштитник. И сега тој им помага на сите што го повикуваат и ги избавува од неволјите.

Невозможно е да се избројат неговите чуда, како што е невозможно и сите да се опишат подробно. Овој голем чудотворец го знае и Исток и Запад; и сите краишта на земјата знаат за неговите чудотворства.

Затоа нека е прославуван заради него Едниот во Троица Бог, Отецот и Светиот Дух и нека е фалено Неговото име co усните на сите вавек. Амин.

Bo Цариград живееше еден благочестив човек, полн co вера во Господа Христа. Тој го сакаше многу и го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола.

Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува co кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата на свети Николај и му се помоли на Божјиот Светител. Потоа се прости co пријателите и co соседите, па се качи на коработ и отпатува.

Во три часот по полноќ почна да дува силен ветер и започна невреме. Морнарите се растрчаа околу притегнувањето на едрата, им прискокна на помош и овој благочестив човек, но некако се сопна и падна во морето. Мракот беше страшен, ветрот силен, та не можеа да му притекнат на помош на давеникот, иако сите го сожалуваа и офкаа. А тој, онака облечен, борејќи се co брановите и тонејки викна:

„Свети Никола, помогни ми!”

И – о чудо! Тој одеднаш се најде во својата куќа во Цариград, иако му се чинеше дека уште е во длабочината на морето. Неговите домашни, штом го чуја неговиот глас, запалија свеќи.

На тоа дотрчаа и соседите и го видоа како стои насред куќа, громогласно зборува, а облеката сета му се цеди од морската вода. Сите се скаменија од ужас и страв, неспособни збор да прозборат.

А давеникот им рече:

„Браќа, што се случува? Знам дека вчера се простив co вас, па отидов на кораб.

Коработ се отисна и ние пловевме по морската шир. Потоа дувна силен ветар, настана бура, морнарите се растрчаа околу едрата, a jac некако се препнав и зафатен од ветрот паднав во морето и го повикав на помош свети Никола.

A сега каде сум, не знам. Кажете ми, да не сум полудел? Што се случило co мене?”

А тие, кога го слушнаа што кажува и гледајќи како морска вода му тече од облеката, разбраа дека се случило прекрасно чудо. И сите почнаа да се радуваат co него и долго од радост плачеа и воскликнуваа:

„Господи помилуј!”

Потоа давеникот се преоблече и отиде во црквата на свети Николај. И остатокот од ноќта го помина во молитва, плачејки, правејќи метании и вознесувајќи My благодарност на Бога и на чудесниот угодник Негов, светителот Никола.

Пренесено од списанието “Премин”, ноември/декември 2009, двоброј 61/62

 

Претходна статијаЗА БОЛЕСТА – СТАРЕЦ ЕФРЕМ ФИЛОТЕЈСКИ
Следна статијаПроповед на отец Партениј од првата Литургија во скитот на Светите Кирил и Методиј