Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш; ниту, пак, да му давате место на ѓаволот (Еф. 4, 27 – 27)
СТРАСТА НА ГНЕВОТ (извадок) Отец Георги Калчу
Христијанот не треба да се гневи. Тој знае дека Бог е со него и дека косата од главата не паѓа без Божјо допуштение. Во однос на своите ближни тој треба да го скротува гневот, затоа што и Спасителот не се гневеше на оние кои го исмеваа и го распнаа. Ќе се гневиме ли на ближниот иако знаеме дека тој е создаден по образ Божји?
Навистина, како можеме да искажеме гневни зборови на некого, ако ни сторил нешто, кога добро знаеме дека истото сме му го направиле на него или дури и полошо?
Денешниот човек живее во таква напнатост, што нервите му се наоѓаат на работ на истрошеност и дури и најнезначајна причина во него го предизвикува гревот на гневот.
Причина за гнев може да биде детето кое не слуша, или сопругот или сопругата кој ни противречи. Или шоферот кој ни го сече патот, сето тоа ни дава повод за гнев. Дури и со посредство на самоконтрола ако гневот не ни предизвикува надворешен израз или не е слушнат од оној кој го предизвикал, тој сепак е грев, бидејќи ја навредува нашата душа и срце.
Да се гневиш е дејство во самиот себе, предизвиканоод ѓаволско искушение.
Спасителот строго нѐ предупредува на гневот кој предизвикува словесен конфликт и употреба на навредливи зборови.
„Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина,
ќе биде виновен пред судот;
а оној што ќе го нарече брата си ,празноглав‘, ќе биде виновен пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече »будала«, ќе биде виновен за во пеколот“ (Мат. 5,22.)
Гледаме дека Исус не го одобрува гневот кој предизвикува надворешен израз, ниту гнев во мислите.
Никој не може да мисли зло без да го расипе срцето, во кое треба да пребива Бог.
Оној кој се гневи во мислите против братот, раскинува една свештена врска меѓу себе и другиот. А таа врска тешко се воспоставува, демонот на гневот веднаш проникнува во срцето, измислува многубројни аргументи за твоја заштита, за да не допушти твое помирување.
Во Посланието до Ефесјаните свети апостол Павле дава совети на жителите на градот Ефес и особено го акцентира гревот на гневот.
Следното цитирање е од неговото Послание.
Знаејќи дека човек се разгневува од многу причини и тој гнев има склоност да остане во срцето на човекот и да се преобрази во омраза (или најмалку да предизвика пропаст меѓу нас), апостолот нѐ советува да не дозволиме сонцето да зајде а ние да бидеме гневни. Преку тој совет гневот – кој често пати останува вкоренет во нас – се отстранува, а силата му се губи.
Јас сум загрижен, односно гревот на гневот е секојдневен грев, извршуван врз оние кои ни се блиски: во нашето семејство, пријатели, колеги и безимени непознати кои се случува да ни го пресечат патот. Во еден миг гневот искажан со навредливи зборови врз нашата сопруга или сопруг, предизвикува проблеми во врската меѓу брачната двојка.
Во таинството на бракот младоженецот е симбол на Исус, а невеста е Црквата. Св. апостол Павле во Посланието до Ефесјаните, ни зборува за смислата на семејството како за една семејна црква во која младоженецот ја сака невестата со љубов, со која Исус ја сака Црквата, а невестата го сака младоженецот со љубов со која Црквата го сака Исуса.
Ако сопругот и сопругата го гледаат својот брак како однос меѓу Христос и Црквата, сонцето никогаш нема да ги најде гневни и тие никогаш нема да се разделат. Децата нема да бидат испраќани во сиропиталишта, како искористени предмети непотребни и на двајцата, кои се разделени од гревот на гневот, кој не бил изгаснат пред заоѓање на сонцето.
Љубовта на семејството се претвора во еден празен збор, кој веќе нема значење пред демонот кој има потполна контрола на сè.
Еден збор изречен со гнев, толкумногу сериозно повредува колку и физички удар. Ако оној кој повредува на ја поправи нанесената духовна штета, малку по малку меѓу двајцата се отвора амбис и смртна ладовина ја убива љубовта и почитта, кои треба да ги имаат сопругот и сопругата, а времето го продлабочува и го раширува тој амбис.
Подоцна за нив ќе биде многу тешко да воспостават мост на тој амбис, освен со голем труд и сострадание.
Сум видел брачен пар кои во текот на многу години одржувале добар брак, па се разведуваат, предизвикувајќи им болка
на децата кои можеби веќе се женети.
Сум видел и среќни семејства кои по кратко време се разделуваат поради гнев собиран со време, ги оставаат децата мали да растат растроени, не знаејќи што е татко и што е мајка.
Со текот на времето следејќи го примерот на родителите тие не го гледаат бракот како една вечна врска, како таа меѓу Христос и Црквата.
Сум видел браќа во Романија кои се сакаа, но по пристигнувањето во Америка се отуѓуваат еден од друг од тежината на живеење во друга земја и трудот на приспособување.
Тие станаа смртни непријатели, затоа што гневот избувна жестоко во расправија со лоши зборови и затоа што допуштија сонцето да зајде додека се гневни.
Една арапска поговорка вели дека кога си растроен, треба да изброиш до десет, а ако си разгневен, треба да изброиш до сто.
Не знам колку е ефективно таквото решение, бидејќи не содржи таинствен елемент, тоа едноставно апелира кон разум да го омекне надворешниот израз на гневот.
Јас советува, покајте се, пред да го изразите гневот, без разлика дали е со слово или со жестокост, или дури и да е со мисла, да кажеме трипати или пет пати:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“. А ако ја кажеме молитвата брзо и невнимателно под дејство на гневот, тогаштреба да се сосредоточиме со смирение во зборовите „грешниот“ и гревот ќе стивне.
Многумина успеале да го сменат животот, семејните односи, односите со другите луѓе и дури и својот внатрешен живот кон подобро.
Изворот на сите кофликти во светот е несовладаниот гнев. Човек се гневи и повредува и други, кои потоа одговараат со уште поголем гнев и сила. Започнатиот ланец не може да биде прекинат, освен преку молитвата – вистинската молитва.
Променете го условот на оваа равенка, заменете ги поедини луѓе и ќе ги дознаете колосалните промени на дејствието предизвикано од гневот.
Обидете се да поставите цврста преграда пред демонот на гневот.Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои (Пс.140,3) и променете ги лошите помисли родени од импулсот на гневот и вашиот надворешен живот ќе се преобрази.
Божјиот благослов ќе дејствува во срцето, јазикот нама да ви биде толку остар, а Исусовата молитва, кажана во потребното време, ќе ве предизвика да се почувствувате гревовно и така нема да ви дозволи да дадете надворешен израз на гневот или да го задржите во умот и срцето.
Слатко е да го изговориш Исусовото име, Тоа ги прогонува демоните и ги враќа ангелите во срцето, а во умот кон другите ќе се однесувате со кротост.
Превод: Свештеник Игор Пармачки
Православна Светлина
www.povardarska-eparhija.org.mk