Псалм 140
Молитва Бог да не пази
1 ГОСПОДИ, кон Тебе повикав: слушни ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе!
2 Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои – како жртва вечерна.
3 Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои;
4 не давај да застрани срцето мое кон зло, да врши грешни дела заедно co луѓето, кои вршат беззаконија; јас нема да се гоштевам од нивните наслади!
Праведниот нека ме казнува, светиот нека ме изобличува, но не давај миро на грешник да ја помаже тавата моја; зашто и молитвата Moja ce противи на нивната злоба.
6 Кога ќе бидат предадени на оние што ќе ги казнат, тогаш ќе сфатат дека моите зборови беа пријатни.
7 Како кога грутка земја ќе падне се растура, така ќе се растурат коските нивни во пеколот.
8 Ho кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; во Тебе се надевам, не оставај ме без одбрана!
9 Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од примките на оние што вршат беззаконија.
10 Грешниците нека паднат во своите мрежи, додека јас да поминам.
Пренесено од книгата “Псалтирот”