ПРАВИЛОТО ШТО МУ ГО ДАДЕ АНГЕЛОТ ГОСПОДОВ HA СВЕТИ ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ
Од старците за ќелијното правило и за молитвата, што ангелот Господов му ја предаде на великиот Пахомиј.
Братот го запраша старецот, велејќи му: те молам, отче, кажи ми, како треба да се однесувам во ќелијата?
И старецот му одговори: јас го запазувам ова правило: четири часа спијам во ноќта, и четири часа стојам на молитва, и работам четири часа; и во денот пак работам до шестиот час, и од шестиот до деветтиот пак читам; од деветтиот се грижам за храната, и ако има некаква работа во ќелијата.
И пак праша братот: колку молитви треба да кажувам?
И старецот му одговори: јас се молам според пишаното правило, што му го даде ангелот на светиот Пахомиј, а ти колку што можеш.
Братот рече: какво е правилото дадено од ангелот?
И му одговори старецот: напишано е во правилото од ангелот, монасите кои се под раководство на светиот Пахомиј, во денот да кажуваат 12 молитви, и во ноќта 12 молитви; и во деветтиот час З молитви, и неколку молитви пред да се пеат псалми.
И ова го рече, за и младите да го исполнуваат правилото и да не тагуваат; а совршените, пак, немаат потреба од правило, слушајќи го оној кој рекол: молете се непрестајно.
Правилото што му го даде ангелот Господов на великиот Пахомиј.
Почнува вака:
Трисвето, и по Отче наш Господи помилуј 12 пати, Слава и сега:
Дојдете да се поклониме: три пати.
50 псалм: Помилуј ме Боже: Верувам во Едниот Бог:
100 молитви: Господи Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме мене грешниот.
И потоа: Достојно ест: и отпуст.
И сето ова е една молитва.
Ангелот заповеда да се кажуваат 12 вакви молитви во денот, и 12 во ноќта.
Пренесено од книгата “Псалтирот”