Исцелување на ногата

“Една друга сестра ми кажуваше:

„Еднаш појдов да го посетам Старецот да побарам благослов и совет, дали да одам на операција за моите нозе. Лекарите ми рекоа дека ми се спуштиле метатарзални коски, a покрај тоа длабоко во петата ми излезе нешто тврдо и воопшто не можев да одам.

А Старецот co смирение кое секогаш го одликуваше ми рече дека не знае и да направам како Бог што ќе ме просветли.

Потоа му реков дека сум сигурна дека ако го замолам Бога, тој ќе направи да оздравам без операција, но како да Го замолам за нозете кога душата ми е уште поболна.

Ho, си заминав од кај Старецот co некаква сигурност, како да ми рече да не одам на операција. Се вратив дома многу загрижена.

По три-четири дена станав утрото и открив дека ми се случило некое чудо, зашто можев да чекорам како порано и ништо не ме болеше.

Што почувствував во тој момент, не може ни да се опише.

Co солзи радосници и преполна co благодарност, побрзав да се заблагодарам на Бога што ми го покажа чудото Свое и потоа веднаш го побарав Старецот по телефон и му ja coопштив радосната вест.

Еве што ми одговори:

“Му благодарам на Бога што ти помогнал зашто многу ми бешe за жал за тебе, па многу се молев и многу Го молев за тебе”.

Нека се славени Името Божјо и Богородица наша, кои сигурно ги благословуваат напорите и љубовта кои Старецот беспоштедно им ги дава на сите луге. Нека го имаме сите неговиот благослов.

ОПЕРАЦИЈАТА УСПЕВА БЛАГОДАРЕЈЌИ НА МОЛИТВАТА

Една госпоѓа од епархијата имаше гинеколошки проблем. Пошла на лекар. Бидејќи дијагнозата не била јасна, тој ја повика повторно да ја прегледа.

Bo меѓувреме таа го побара по телефон Старецот да му каже и да побара благослов.

„Тоа што ти го кажа лекарот не е точно. Оди повторно на преглед”, рече Старецот.

Повторно пошла на лекар. Овојпат лекарот поставил друга дијагноза и госпоѓата повторно го побарала Старецот.

„Лекарот греши”, рече. „Оди кај друг лекар, па ако и тој ти каже исто, дојди во Атина. Веројатно таму немате добри лекари”.

Госпоѓата појде кај друг лекар во својот град, па го побара Старецот да му ја каже дијагнозата.

„Така е”,, рече, „Направи се’ што ќе ти рече”.

Терапијата имала потреба од мала интервенција и Старецот ја уверуваше дека ќе биде во ред и нема за што да се вознемирува. Но, барал од неа да го извести кога интервенцијата ќе биде завршена.

Co Божја помош и благослов на Старецот се’ добро помина и таа му се јави да му се заблагодари.

„Кажи ми сега кој лек ти рече да го земаш?”

Госпоѓата покрај останатите лекови, го спомена и лекот… за кој лекарот, рече секако да го зема.

„E! Toj лек никако не го земај. Знаеш ли какви придружни појави предизвикува? Знаеш ли дека некои жени поради тоа се разболеле од шизофренија? Бре, какви лекари се тоа! Ја отвораат својата книга и кој било лек да го најдат, му го даваат на луѓето”, рече Старецот.

Госпоѓата, не сакајќи да биде непослушна, сепак му кажа на Старецот што рече лекарот и што може да се случи ако не го зема тој лек.

„Немој да го пиеш!”, рече строго Старецот. „Пушти го, чедо мое, своето тело и тоа само повторно ќе профункциониpa”.

Кришум од мажот и од лекарот, госпоѓата не го земала тој лек и нејзиниот организам проработил точно за толку дена колку што рекол Старецот.

ДИЈАГНОЗА БЕЗ СИМПТОМИ

Еден ден, кога Старецот ја видел сопругата на еден наш собрат, рекол:

„Што e тоа во твоето грло?”

„Што тоа, Старче?” Праша таа,зашто самата надворешно ништо не забележала, ниту имала некој оток кој можел да биде забележан од блиските.

„Еве! Co твојата штитна жлезда нешто не е во ред?”

Собратот co својата жена веднаш појде на лекар, ги направија сите анализи во болницата и се покажа дека има проблем co штитната жлезда и како последица на тоа уште некои проблеми кои уште пред тоа мажот ги забележал.

+ + +

Понекогаш знаеше да те зема за раката и да ти каже колку ти е притисокот, колку си чувствителен, колку јадеш и уште многу нешта кои не ги знаеш за себе,

Чудата се случуваат

„Ме прашуваат дали се случуваат чуда. Но, чуда се случуваат непрестајно, секој ден и секоја ноќ.

Им велам, зарем вие не ги гледате?”

Пренесено од книгата “Срце за целиот свет” од старец Тихон, старец Порфириј и старец Пајсиј

 

 

Претходна статијаДОМОТ Е МЕСТО НА ТОПЛИНА И НЕЖНОСТ!
Следна статијаЈАС ВООПШТО НЕ СУМ ДОБАР МОНАХ! СТАРЕЦОТ ТИХОН (Уште жив, старецот умрел за светот)