Дома Свети Отци ЈАС ВООПШТО НЕ СУМ ДОБАР МОНАХ! СТАРЕЦОТ ТИХОН (Уште жив,...

ЈАС ВООПШТО НЕ СУМ ДОБАР МОНАХ! СТАРЕЦОТ ТИХОН (Уште жив, старецот умрел за светот)

0
714

Отец Тихон живеел скромно, немал скоро ништо што се сметало неопходно за живот. А тоа што го имал било толку старо, речиси за фрлање. Но, духовното око имало што да види во таа патријархална беда, бидејќи се’ во ќелијата на старецот имало печат на неговата светост и едноставност.

Дури и неговите испарталени облеки ги прифаќале co почитување, а подоцна биле делени за спомен како благословени светии на сите кои го познавале и го сакале овој старец.

Свештеничките капи ги шиел сам од парчиња стари ризи и така ги носел што тие скромни, неугледни капи биле поубави од драгоцените митри.

Еднаш, се сеќава отец Пајсиј, некој странец го фотографирал старецот. На главата му била токму таа капа, a за да не настине, на грбот некој го наметнал co стар краток капут од леопардова кожа. На фотографијата тој капут повеќе личел на епископска мантија, отколку на обична наметка.

Отец Тихон не се грижел ни што се случува во неговата ќелија. Вознесен на Небото неговиот ум ги заборавал земските предмети, така што телесно не го забележувал она што природно би го нервирало секој кој го нема овој скапоцен дар.

He му пречеле ни мувите, ни комарците, ни болвите, а во ќелијата имало многу. Телото често му било целото co дамки од крвта која се пробивала и низ алиштата, бидејќи старецот дозволувал да го касаат тафтабити и да се хранат co неговата крв. Сите живи суштества имале благослов да престојуваат во неговата ќелија.

– Отец, да ви донесеме мачка? – го прашал еднаш еден од неговите ученици.

– He, чедо мое, ~ одговарал старецот, – веќе имам една мачка и таа е многу поголема од твојата. Таа доаѓа тука и јас ја хранам и галам, a потоа ja пуштам во дворот, каде што таа нашла јама и се одмара.

Се претпоставува дека редовно му доаѓала лисица на која тој многу се радувал. My доаѓала и дива свиња која секоја година се пораѓала близу до неговата ограда во шумата, чувствувајќи се заштитена.

Кога отец Тихон ќе ги видел ловците како поминуваат покрај оградата, секогаш ги пречекувал co зборовите:

„Деца мои, овде нема див вепар, одете си!”, и тие му верувале и си заминувале.

Многу години старецот поминал на Атон, далеку од светот, меѓутоа, еднаш морал да отпатува во Солун, бидејќи во Капсали имало пожар и него го викнале да сведочи. Кога се вратил, отците го прашале како му се видел животот во градот и воопшто во светот.

Светиот старец им одговорил:

„He видов ни куќи, ни народ, туку само шума”. Уште жив, старецот умрел за светот, и тоа што го гледал околу својата ќелија му се покажало и во светот.

+ + +

Отец Тихон посакал повторно да ja посети Светата Земја. На Атон дошол брод кој пловел за Палестина. Старецот немал пари, па го замолил капетанот да го земе бесплатно. Кога капетанот го видел неговото лице озарено co Божествена Светлина, не само што го зел на бродот, туку и му дал пари за помен на светите места.

Ќога стигнал во Светиот Град, отец Тихон како обичен поклоник тргнал во посета на манастирите и храмовите. Co кој и да се сретнел го канеле кај себе. Отец Тихон се збунил и не знаел што да прави.

Дознал за еден благодатен старец кој таму се подвизувал и одлучил да го праша дали да остане во Светата Земја или повторно да се врати на Света Гора. He ни тропнал на вратата на овој непознат подвижник, а однатре слушнал глас:

„Агиос Орос, Агиос Орос” – т.е. „Света Гора, Света Гора”.

Отец Тихон го замолил да му ја отвори вратата за да земе благослов, а потоа брзо се вратил во својата калива (колиба), на Атонска Гора. Тука ги нашол своите стари пријатели – бесловесни Божји созданија кои веќе долго време го чекале.

Еднаш кај него дошол отец Агатангел да му помогне да ги собере маслинките. Старецот излегол да го пречека. Во тој момент се слушнала врева во ќелијата. Духовното чедо го прашало:

– Да ја затворам вратата?

– He! He! – одговори кроткиот старец. – Јас ги сакам, тие се мои пријатели, дошле да земат тоа што им треба и брзо ќе си одат.

Сигурно лисицата или дивата хиена го посетиле.

Постојано се молел и бдеел, постел и правел метании, не само за себе, туку за сите живи и мртви. Кога многу остарел и не можел сам да станува по метаниите, врзал дебел коноп на таванот за да може да си помага при станувањето. Така тој не го оставил своето секојдневно правило за поклонување на Бога и благодарење за се’.

Од детството се навикнал на едноставно јадење и до длабока старост се држел до тоа правило. Готвењето вкусна храна старецот го сметал за залудно трошење време. Кога имал можност да проба нешто убаво зготвено, тој не чувствувал ништо посебно. Бидејќи повеќе ништо земско не можело да го задоволи. Bo разговорите секогаш го споменувал рајот Господов и тогаш очите му се полнеле co солзи

Уште во Белозерка, како млад монах, отец Тихон научил да слика икони. Секоја година го сликал ликот на Господ на плаштеницата. За тоа добивал 500-600 драхми и од тие пари успевал да преживее цела година.

-Еднаш, – се сеќава отец Пајсиј, – го видов старецот како ја подели смоквата која му ja дадоа и ставајќи ја во устата зачудено извика:

– Ox -ox -ox! Дете мое! Па тоа е многу!

– А мене, – забележува отец Пајсиј, – ми треба еден килограм да ме засити.

Кога бил во длабока старост, за Божиќните пости земал една ротква и кога ја чистел не ја фрлал кората туку ја сушел на коноп. Ha големите празници кога било допуштено да се јаде риба, тој турал вода во тегла, ја загревал и во врела вода неколку пати ја спуштал исушената кора. Па додавал неколку зрна ориз и така си спремал „рибја” чорба. Кората од ротквата ја чувал и ја користел за следниот празник.

Кога некој му укажувал посебна внимателност и го фалел, старецот искрено ќе се натажел и веднаш ќе речел:

„Јас воопшто не сум добар монах”.

Кога му испраќале милостина или храна, ги примал, a потоа веднаш ги праќал на други отшелници во Капсали, a парите ги давал во Кареја на еден благочестив трговец Теодор за да купи леб и да го подели на сиромашните.

Еднаш на отец Тихон му испратиле пари од Америка. Кога ги подигнувал парите од пошта го видел некој мирјанин кој опседнат од грешна желба посакал да му ги украде и подоцна дошол во ќелијата кај старецот.

Несреќниот крадец не знаел дека отец Тихон му ги дал парите на Теодор. Ја пребарал цела ќелија и ништо не нашол, па гневно го фатил кроткиот старец, му ставил јаже на вратот и му се заканил дека ќе го удави.

На крајот кога се уверил дека нема што да земе, набрзина избегал. Гледајќи го како бега, старецот викнал no него: „Бог нека ти прости, дете мое”.

Овој крадец отишол и кај друг монах, но полицијата го фатила и самиот признал дека бил и кај отец Тихон за да краде. Шефот на полицијата побарал да го донесат старецот. Незлобивиот старец се ожалостил и му рекол на полицаецот:

– Дете мое, јас веќе му простив на тој крадец, зошто да доаѓам кај вас?

Ho, полицаецот настојувал старецот да дојде co него во полиција.

– Ајде, побрзо отец! Ние немаме време за „простување” и „благослови”.

Ha крајот, на судијата му се нажалило за кроткиот старец и го пуштил да се врати во својата келија.

Подоцна, кога старецот си спомнувал за оваа случка, зачудено воздивнувал: „Боже мој, дете мое! Мирјаните имаат потполно различен „типик” (т.е. устав). Кај нив нема „прости”, „Бог ќе ти прости”… ”

Старецот многу често ги користел зборовите „евлогисон”, („простете/проштевајте”) во различни контексти во кои постојат кај светоторските монаси.

Кога кај старецот доаѓале гости; тој co смирение барал благослов, дури и од оние што немале духовен чин. Потоа и тој co љубов им давал благослов и сите оделе во храмот и заедно го пееле тропарот на Светиот Крст:

Спаси ги, Господе луѓето твои…” и „Достојно е” покажувајќи ја така љубовта кон Спасителот и Небеската Госпоѓа на овој земски рај. Кога не врнело, пет минути седел co другите под дрвото, а потоа co радост ќе објавел дека следува послужување.

На гостите им турал вода во чаши, а потоа за себе си турал во конзерва. Потоа се обидувал да најде локум кој често бил исушен или пола изеден од мрави.

Но, сето тоа не ги одбивало посетителите, туку напротив, го сметале за посебна утеха. Кога ќе го подготвел послужувањето, старецот ги замолувал посетителите за благослов прв да проба за да се увери дека може да се јаде.

Кога на своето „благословете” ќе слушнел „Бог нека благослови” – почнувал да јаде. Очигледно било дека старецот е исполнет co посебно – Христово смирение кое бара секогаш да се биде последен и полош од сите.

По послужувањето, co љубов ги чекал прашањата, и ако посетителите немале никакви духовни интересирања и дошле само од љубопитност, ќе станел и ќе кажел:

„Деца мои, во адот ќе одат не само грешниците, туку и мрзливите кои денгубат”. ‘

Co тоа им давал до знаење дека не сака залудно да го троши времето Ако неразумните гости и понатаму не си заминувале, тој сам влегувал в црква каде се предавал на молитвата.

Така тие морале да ја напуштат неговата ќелија. Кога некој сакал да ја злоупотреби неговата простота и co својата расипаност да го збуни кроткиот старец, овој просветлен од Господа, веднаш го спречувал лукавството.

„Оди си, – му рекол тој на еден гостин – Грк, не умеам добро да зборувам грчки и не можам да ти помогнам”.

Но на оние кои навистина барале духовен совет, старецот секогаш им излегувал во пресрет и никогаш не гледал на времето.

Пренесено од книгата “Срце за целиот свет” од старец Тихон, старец Порфириј и старец Пајсиј