Здраво, би сакал да ве прашам нешто и секако доколку може отецот да одговори на неколку прашања.
На што најмногу да внимаваме при изборот на духовен отец, и дали не треба да избрзуваме со одлуката?
И уште нешто во врска со причестувањето. Колку често може да се причестуваме, дали тоа зависи од духовниот отец и со негов благослов, колку строги треба да бидеме спрема себе си поради нашата недостојност?
Ви благодарам.
Одговара отец Горан:
Најдобро би било да се обратите кај парохискиот свештеник за исповед и духовно раководство, што побрзо тоа подобро.
Оној што пости среда и петок, четирите поголеми пости во годината, има молитвено правило што му определено од исповедникот може да се причестува на секоја Света Литургија.
Благи кон другите, строги кон себе, и тогаш ќе ја увидиме нашата грешност и нема да се занимаваме со достојност или недостојност туку ќе прибегнуваме кон Путирот за наше исцеление.