ВЕЛИКОПОСТНА МОЛИТВА на Свети Ефрем Сирин
Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, униние, властољубие и празнословие.
Дарувај ми мене, твојот слуга, дух на целомудрие, смиреноумие, трпение и љубов.
Да, Господи и Цару, дарувај ми да ги видам моите согрешенија и да не го осудувам братот мој, зошто благословен си во вековите на вековите.
Амин.
Оваа кратка молитва – Молитвата на свети Ефрем Сириски се чита секојдневно за време на Чесниот пост на крајот од секоја служба (освен во сабота и недела), а верниците тогаш прават метанија и се молат „Боже, очисти ме мене, грешниот“!