БОГ ИМ ДАВА ГОЛЕМИ ОТКРОВЕНИЈА НА ОНИЕ ШТО МУ СЕ ДОСТОЈНИ
Ке ви раскажам неколку примери, за да сфатите дека на едноставен и природен начин Бог им дава големи откровенија на оние што My се достојни. Им открива настани од минатото и од сегашноста, a и што ќе се случи во иднина.
Он им ja открива длабочината на душата на луѓето, нивните болки и радости, гревови и дарови, телесни и душевни болести, како и времето и начинот на нивната смрт. Слушнете ме.
Ha Синај, горе високо, има многу испосници. Таму некогаш живеел старец co неговиот послушник. Старецот имал сто години и имал информација дека ќе умре. Подолу, во една удолница, имало малку земја.
Тој му рекол на послушникот:
– Ископај ми го гробот, зашто за кратко време ќе умрам. Ке те повикам за кратко време.
Послушникот веднаш послушал и ја ископал дупката.
Старецот се молел, па за кратко време го повикал:
– Пафнутиј, дете мое, дојди, фати ме за рака за да ме одведеш до гробот, зашто, кога ќе умрам како сам ќе ме спуштиш таму долу? Дојди, фати ме за рака.
И така, пополека, co стапчето и co помош на послушникот тој ce спуштил надолу. Тие стигнале до гробот и старецот му рекол на послушникот:
– Држи ме, држи ме!
И co негова помош тој влегол во гробот, откако претходно се поздравиле и целивале. Влегол во гробот, се испружил, ги затворил очите и молејќи се го предал духот.
Гледате ли? Сето ова изгледа неверојатно, но така било!
Многу светители биле удостоени од Бога да бидат пренесени на други локации по нивна желба, и да одат таму „во тело или без тело”, видливи и за останатите.
Некогаш, Синајскиот игумен, отец Георгиј, бил болен. Меѓутоа, имал желба да отиде да се причести кај ерусалимскиот патријарх. Bo тој момент во неговата келија на Синај пошле неговите послушници и го прашале дали ќе може да дојде во црква. Тој им рекол:
Не, нема да дојдам.
Штом си заминале, старецот останал телесно сам, но духовно, co неговиот ум, отишол на литургија во ерусалимскиот храм посветен на Христовото воскресение. Таму го видел патријархот како влегува во олтар. Но и сите таму присутни свештеници, ѓакони и архиереи го виделе игуменот за време на литургијата, а кога дошло време за причестување му дале да стави епитрахил.
Тој пристапил кон светата трпеза и ги примил Светите дарови од рацете на патријархот. Кога завршило причестувањето, сите свештеници се упатиле кон мијалникот и ги измиле рацете.
Поминал и отец Георгиј покрај патријархот, кој му рекол:
– Ha пладне те чекам на ручек.
Отец Георгиј не кажал ништо, туку направил наклон co главата.
Bo меѓувреме на Синај, по литургијата, ѓаконот и свештеникот co еден монах, кој држел свеќа и кадилница, влегле во неговата келија и го причестиле.
Bo Ерусалим, кога дошло времето да јадат, патријархот го чекал отец Георгиј да дојде. Изминало времето, па повеќе не можеле да чекаат и почнале да јадат.
Патријархот многу се насекирал и испратил тројца браќа од Ерусалим да појдат на Синај, за да видат зошто не го послушал и си заминал, иако бил многу познат по неговата послушност. Испратените од патријархот стигнале, па штом влегле во манастирот, рекле:
– Вашиот старец беше дојден во Ерусалим и се причести во храмот на Воскресението. Сите ние го видовме таму, a патријархот му рече да остане за трпеза. Но тој си замина. Тоа многу го натажи патријархот, па ни наложи да дојдеме и да го искараме поради неговата непослушност.
Браќата од манастирот се запрепастиле, и им рекле:
– Што зборувате? Нашиот старец педесет години нема излезено од манастирот! Грешка сте.
– He, сите ние го видовме.
– За да ви ја докажеме вистината, дојдете да појдеме кај старецот.
Ги одвеле, и штом го виделе, тие му ја пренеле поплаката од страна на патријархот. To j не кажал ништо, но по кратко време им рекол:
– Кажете му на Блаженејшиот да ми прости и пренесете му една радосна порака: Бог ми откри дека за шест месеци ќе се сретнеме, па затоа нека се подготви.
Гледате, Синајскиот игумен отишол во Ерусалим без тој самиот да знае дали бил во тело или без тело, но во секој случај таму го виделе.
Исто така, многу наши светители од далечина се разбирале и се молеле заедно. Се’ е можно да се случи co помош на Божјата благодат.
За Божјата благодат не постојат растојанија. Нека ми прости Бог што ќе кажам, но порано co еден јеромонах од манастирот посветен на свети Харалампиј во Евија, отец Павле, многупати се разбиравме од далечина. Ќе ви кажам еден карактеристичен пример.
Кога отидов таму, по доаѓањето од Света Гора, имав еден сериозен проблем. Поради мојата здравствена состојба, како што веќе ви кажав, се вратив од Света Гора многу болен, и требаше да јадам по некое јајце и малку млеко.
Тогаш не смеев да јадам грав, леќа и сл. Таму обично јадеа грав, наут. Мене здравјето не ми дозволуваше да живеам co други браќа и да ги соблазнувам. Така јас го чувствував тоа. Меѓутоа, се срамев да го кажам и си размислував да заминам од манастирот.
Еден ден седнав под едно големо дрво, кое го нарекуваа алеос. Me имаа обземено мисли за заминување, при што се појави пред мене отец Павле, држејќи една голема книга. Таа книга беше Светото Писмо, co Стариот и Новиот Завет. Тој имаше појдено длабоко во шумата и читаше. Одеднаш стана, дојде кај мене, ми се
приближи и ми рече:
– Што правиш, отец Порфириј? Знаеш ли што си помислив? Го знам твојот проблем, дека си болен и имаш проблеми co стомакот, зашто не ја вари храната што ние ja употребуваме во манастирот. Јас си помислив да ти даваме и млеко и јајца. Штом си болен, тоа е оправдано.
Јас го прашав:
– Како ти дојде да го помислиш ова?
– Па, еве, сега додека доаѓав наваму…
Гледате, Божјата благодат прави се’.
Многупати порано, но и сега, „летам” на Света Гора над врвот Атос и се молам заедно co светогорските отци. Во голема мера ја чувствувам благодатта на подвижниците и темјанот што мириса убаво, додека се издига на небото.
Пријатниот чад од темјанот прави облаци околу Атос! Некогаш по овие места чекореле светители co голема посветеност и молитва кон Бога. И самите камења се напоени co Божјата благодат, којашто светителите ја привлекле кон себе. Тие личности таму биле Божји ангели, испратени тука на земјата. Живееле ангелски живот, co љубов и копнеж кон Бога и co посветеност.
Кога се будам ноќе овде во манастиров, ја „гледам” Света Гора преплавена од благодатта на утринските молитви на отците. Штом ќе чукне клепалото, тие брзаат да ги слушнат зборовите од молитвата „Откако станавме од сон” и co копнеж, љубов и радост ги почнуваат молитвите. Што да ви кажам!
Се отвора рајот. Јас така го чувствувам тоа co помош на Божјата благодат, па така и го кажувам. Пуштете да зборувам за тоа. Сакам да го кажувам. Тоа го правам од љубов кон вас!
Сега ќе ви кажам една друга тајна. Во ноќните часови телефонски комуницирам co еден светогорски подвижник. Тој многу ги чита светите отци и ми објаснува многу нешта. Дискутираме за духовни теми. Што да ви кажам, лудница…!
Тоа се случи и денес, во раните утрински часови, поточно во три часот ноќе. Bo тој час, додека разговаравме, чукаа камбаните. Околу половина час разговаравме за преубави работи. Искрено, почувствував голема радост, поголема отколку што можам да изразам. Слава Ти Боже! Додека разговаравме за тие духовни теми, тој ми рече:
– Чука камбаната за в црква, па брзам да стигнам навреме.
Јас му реков:
– Старче, не ме оставај!
Тој ми рече:
– Co радост! Дојди да појдеме в црква, да бидеме заедно, да ги гледаме Божјите величија, божествената литургија, Христовата благодат. Дојди, во Христа Исуса, нашиот Господ, не постои растојание. Нема никакво растојание!
И јас „отидов” co него в црква. Сите тие часови се молев заедно co него. Ги гледав сите свештени и свети икони, големите и мали свеќи и кандилца како потпукнуваат.
Ги гледав свештениците како богослужат co духовна возвишеност. Црквата беше полна co подвижници, и сите имаа голема радост во себе, и пееја:
„Дојдете, верни, да видиме каде се родил Христос… Раѓањето Твое… Дева денес… Христос се раѓа, славете Го…”
При повикот „co страв Божји”, тој отиде да се причести. До него, трогнат, бев и јас co помош на Божјата благодат. Проштевајте што ви го кажувам ова. Ги гледав сите браќа како се молат. Почувствував голема радост.
Се’ што гледаа тие, гледав и јас. Таа литургија co светите подвижници, co тие радосни душички, кои чувствуваа се’ и го живееја празникот на Христовото раѓање!
Го живееја! Како би сакал и вие да бевте таму и да ги слушневте зборовите што ги изговараа!
Мојата радост станува поголема кога другиот ми потврдува дека она што го „гледам” е навистина така, зашто тогаш сфаќам дека тоа знаење не произлегува од друго место, туку е од Бога.
Ќе ви кажам што подразбирам под тоа. Многупати барам од вас да ми прочитате параграф, на пример, од некој свет отец, па ви велам:
„Погледнете на десетта страна, параграф два, на средина од страницата, па ќе го најдете тоа што ви го реков”.
И навистина, вие ја отворате конкретната страница, го наоѓате тој параграф и ми го читате. Напишано е токму онака како што сум ви кажал. Вие се зачудувате, зашто мене ми доаѓа голема радост и велам „ах, не знаев, првпат го слушам!”, иако претходно сум ви го кажал тој параграф напамет.
Но сепак, не лажам, туку ви кажувам вистина. Навистина не сум го знаел, затоа што никогаш претходно не сум го прочитал. Во моментот кога сум ви го кажал параграфот, Божјата благодат, Светиот Дух ми го открил тоа во мене.
Меѓутоа, јас првпат го слушам тоа во моментот кога ми го читате, зашто никогаш не сум го прочитал, па ми остава впечаток и се радувам што вие сте го потврдиле она што мене Божјата благодат ми го покажала. Ќе ви кажам и еден друг пример.
Еден ден, игуменот на Големата Лавра држеше предавање во Археолошкото друштво во седум часот попладне.
Јас „отидов” преку молитвата и го „погледав” настанот. Проследив речиси половина час од предавањето. Салата беше полна co луѓе, коишто беа концентрирани и трогнати. И што да видам!
Го гледам игуменот, чијашто пот беше излегла од неговото расо. Река од пот течеше од тој човек додека зборуваше! Навистина, кога ви се јавив на телефон да ми кажете како поминало предавањето, вие ми рековте:
– Многу убаво, сите луѓе беа трогнати. Но, што да ви кажеме, река пот течеше!
Тајна е тоа! Оној Кој е насекаде и се’ исполнува…
Другпат, отидовме, четири-пет луѓе, на екскурзија во северна Евија. Автомобилот се движеше низ преубавата природа. Растенија, дрвја, цвеќиња од лева страна, а оддесно беше бескрајното море. Се’ беше убаво, чисто, блескаво. Никој не зборуваше. Одеднаш јас ги запрашав моите сопатници:
– Што гледате надвор? Се’ што вие гледате, „гледам” и jac, слепиот, преку вашите очи.
Почнав да пеам:
„Твоите очи се мои очи, твоите веѓи се мои веѓи, твоите две раце се клучеви, што го отвораат моето срце.
Оваа песна е световна, но ние ја земаме метафорични. Разбирате ли? Постојат и други очи, а тоа се очите на душата. Co телесните очи можеш да гледаш ограничено, a co очите на душата можеш да гледаш и зад месечината.
Вие гледате co телесните очи. Истите работи ги гледам и јас co помош на благодатта, па дури и подобро, појасно.
Co телесните очи гледаш надворешни работи. Co очите на душата гледаш подлабоко.
Вие гледате надворешно, a jac гледам и каква е внатрешната состојба. Ја гледам и ја читам душата на другиот.
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит” (За дарот на прозорливоста)
Подготви: Мина Даниловска