Заедно со уште шестмина отци седев на тревникот пред ќелијата на отец Пајсиј. Сите внимателно слушавме што кажува Старецот. Одеднаш се појавило момче кое со својата долга коса и шамијата околу вратот изгледал како анархист.

„Каде е тој Пајсиј?“, прашал нељубезно.

Старецот стана, му пристапи и му рече: „Зошто ти треба?“

„Сакам да го видам“, одговори тој.

Момчето во левиот џеб имаше кутија цигари. Старецот покажа на неа и праша:

Што ти е тоа? Евангелие?“

„Не, цигари“ одговори и го понуди.  „Сакаш цигара?“

„Не“

Бидејќи сите со смеа гледавме во Старецот, момчето сфати дека тоа е отец Пајсиј. Откако и ние му потврдивме, се сврти кон Старецот и му рече:

„Сакам да ми кажеш како се викам“.

Старецот се почеша по главата, преправајќи се дека е збунет, и рече:

„Како се викаш… да видиме. Како ги викате светлата на семафорот, со кои се регулира сообраќајот, црвено и зелено? (Грците на црвеното и зеленото светло на семафорот му дале човечки имиња и ги нарекуваат Григорис и Стаматис).

„Мислите Григорис и Стаматис“, го прашавме. „Да, баш така се викаш ти.“

Момчето навистина се викаше Григорис и кога го слушна тоа беше счудоневиден. Истиот момент побара насамо да разговара со Старецот. Отец Пајсиј го однесол на страна така што можеа да разговараат без да му пречат.

После шест месеци, момчето повторно дошло на Света Гора. Го сретнав пред манастирот Кутлумуш. Повеќе не личеше на анархист. Промената беше толку голема што не бев сигурен дека е тој, па го прашав:

„Извинете, ме потсетувате на некој. Дали вие сте тоа момче кое пред отприлика шест месеци го посети старец Пајсиј?“

„Дали личноста на која Ве потсетувам беше груба со Старецот“.

„Да, на некој начин…“

„Да, отец, тоа бев јас, будала. Молете се за мене за да можам да се поправам…“

…..

Ова се случило во времето кога старец Пајсиј живеел во Ивиронскиот скит, на 15. август, значи за време на постот. Поминале осум дена и за тоа време Старецот ништо немал јадено.

Во текот на деветтиот ден на постот еден постар монах го замолил да му помогне да ги пресели своите работи во манастирот. И покрај фактот дека неколку дена ништо немал јадено и се чувствувал многу слабо, отишол да му помогне.

Кога се враќал во својата ќелија осетил исцрпеност и вртоглавица. Одеднаш пред него се појавило момче во сјајна облека (свет ангел), носејќи во рацете кошница со свежо овошје.

Старецот му се заблагодарил, а потоа се прекрстил, зел од овошјето и веднаш се почувствувал подобро.

Момчето во меѓувреме исчезнало. Кога старец Пајсиј забележал дека овошјето е свежо иако не е негова сезона и дека момчето исчезнало, сфатил дека тоа беше свет ангел.

 

(од книгата Солзи за светот – старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

Претходна статијаМОЛИ СЕ ЗА СИТЕ!
Следна статијаВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ЗАПОЧНУВА ОД МОМЕНТОТ НА НИВНОТО ЗАЧНУВАЊЕ (Старец Порфириј)