ДA ЉУБИШ, БЕЗ ДА БАРАШ!
Денес, зборот љубов е исклучително популарен збор.
Гледаме дека во името на љубовта се вршат престапи и други работи кои се косат со здравиот разум, и коишто се прикриваат позади идејата дека се прават од љубов.
Многу често љубовта се пројавува како најсилна енергија на нашиот егоизам. Затоа не многу ретко се среќаваме со појавата – човек кој мисли дека го сака ближниот, а всушност го мрази, не му остава слобода, не го остава да се усовршува во неговата независност, во неговата личност, а сака да го покори, да ја избрише неговата индивидуалност поради својата голема љубов.
Најтрагичното е што не разбираме дека таа т.н. љубов не е вистинска љубов, туку плод на нашиот болен егоизам.
Заради тоа отците како предуслов за вистинска љубов го ставаат смирението, тоа всушност ја претставува идејата човекот да не сака ништо за себеси, да не бара ништо за себеси туку за другиот.
Христовата љубов е среќа, и таа е неспоредлива со ништо на светов. Таа е таква состојба, толку богата, голема, непроценлива, и на овој свет нема ништо со што би можеле да ја споредиме.
Отците стигнале до таму да зборуваат за Христовата љубов со силни зборови и со големи примери, но и тие не биле доволно силни за да ја претстават реалноста за Христовата љубов. Тоа е само едниот аспект на љубовта – среќа и усовршување на нашата личност.
Таа е совршенство, бидејќи Бог нашиот Првообраз е вистинска љубов. Бог е љубов. Но љубовта има уште еден аспект – мачеништвото.
Мачеништвото за љубовта е поголемо од сите други маченички подвизи. Христовото мачеништво е во Неговата голема и совршена љубов кон светот.
Кога Тој се молел во Гетсиманската градина рекол:
„Отче, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша“ (Мат. 26:38) Тој немал во предвид да Не умре и да не биде распнат на Крст за нас, бидејќи заради тоа дојде во светот.
Тој дошол во светот имајќи го целото сознание дека доаѓа за да умре за човекот.
Суштината на чашата, содржината на таа чаша, за којашто Тој се помоли да го одмине е дека ние луѓето, коишто Христос ги возљуби до крај, сакавме да Го распнеме.
Исто како мајка чие дете оди да ја убие.
Ако ја убие непријател нејзиното мачеништво ќе беше помало, отколку да ја убие нејзиното дете кое таа го сака и се жртвува за него.
Доколку ја навреди некој туѓ човек таа ќе го издржи тоа, но ако тоа и го каже нејзното дете, тогаш таа ќе почуствува поголема болка.
Доколку можете претставете си, колкава болка е за Бог да биде распнат од нас, кога Тој бескрајно не љуби.
Во суштина таа молитва не го засега Него, туку нас.
За нас се молел во тој момент и пролеал крвава пот, за ако било возможно да не Го распнеме.
Ја видовме маченичката димензија на љубовта. Ако проникнеме во неа, тогаш ќе можеме секогаш да ја испитуваме нашата љубов во различните пројави, дури и во нашите природни односи.
На пример жената вели:
„Јас го сакам својот маж, но едвај го трпам“.
Тоа не е љубов.
Љубовта означува ти да умреш, за да живее тој. Љубота означува да страдаш за другиот.
Ќе ме запрашаш: Отец, кој може да го прави тоа?
Треба да знаеме дека да бараш љубов е признак за духовна немоќ, да не кажам духовна болест. Барем да разбереме дека сме бессилни, луѓе во немоќ и заради тоа имаме потреба од љубовта на другите. Колку и да не ни се допаѓа таа дијагноза, тоа исто извира и од нашиот егоизам.
Христос не ни кажал дека „ако ги сакате другите и тие ќе ве сакаат“; не ни кажал да правиме добро дела за да не сакаат другите и да ни се заблагодаруваат со убави зборови; не ни кажал дека ако веруваме во Него, сите ќе не мислат за добри и ќе не фалат.
Или со еден збор кажано:нема да проживееме добро како христијани.
Да кажеме неколку зборовите и за телесната љубов, за којашто човекот мисли дека кога ќе се заљуби во жена тие треба да имаат телесна врска пред благословот од Бога, односно пред светата тајна брак.
Велат, бидејќи ние се сакаме зошто да немаме таква врска? Не можеме да ја разбереме причината. Бидејќи станува збор за егоизам.
Доколку врската им е плод на реална љубов, тогаш ќе се почитуваат помеѓу себе, ќе се однесуваат со љубов а не само телесно.
Ако семејствата и луѓето се чувствуваат среќни помеѓу нив тогаш во ред. Лошо е што откако се соединуват телесно тие телесната наслада ја претвараат во божество и наука; и таа веќе не е наука, ги надминала границите на науката и станала божество.
Човекот треба работите да ги погледне во длабочина, да разбере во што се состои знакот на љубовта.
Тоа започнува во моментот кога ќе престанеме да очекуваме нешто од другите, а започнуваме да прифаќаме се, да ги сакаме сите, да се усовршуваме и да го даваме тоа што го имаме.
За човек да може да дава, без да бара потребно е во својот живот да направи место за Божјата благодат, Христос, Кој што прв умре за нас без да очекува нешто од нас.
Како што вели апостол Павле:
„Уште кога бевме во грев, Христос умре за нас. Христос умре за нас во тој момент кога ние се одрековме од Него“.
Ако го разбереме тоа, особено младите семејства тогаш ќе се научат да бидат среќни.
Разделбите започнуваат во моментот, во којшто бараме да ни се даде нешто, сакаме нешто да добиеме, очекуваме награда за нашата љубов, за услугите што сме ги направиле.
Ако другиот човек е кроток, смирен, добар, се ќе биде во ред. Не треба да дозволиме честицата на гревовниот раздор да навлезе во нашите животи.
Бидејќи наместо да започнеме да се поправаме себеси и нашата личност, секој започнува да го поправа другиот, и така сè се менува кон лошо.
Човекот кој вистински сака-смирениот човек, треба да престане да го гледа другиот.
Смирениот Христијанин треба да се гледа само себиси и своите грешки, без да бара од другиот да се менува.
Автор: Лимасолски митр. Атанасиj
http://preminportal.com.mk/content/view/11776/54/