МОЛИТВА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
Господи, дај им милост на сите што ме навредуваат, хулат, мразат или ми прават нешто друго.
Бидејќи Ти, Господи, знаеш дека и нив лукавнот ѓавол ги насочува кон злоба и распуштеност, како што и мене секој ден ми прави, па така го огорчувам Твоето божествено име.
Те молам, Оче Седржителу, Боже и Господе на милоста, посети ги во милост сите кои се co зло настроени кон мене и направи ги светилници и големи светители.
Направи ги добри, Господи мој, скроти ги, смири ги, Владико мој, просветли ги и на вечната Твоја слава удостој ги, како благ и човекољубив!