Давајќи ми го Твоето Тело доброволно за храна, Создателу мој, Ти, Кој си оган што ги спалува недостојните, да не ме спалиш и мене, туку продри во сите мои делови, во сите состави, во утробата, во срцето.
Изгори ги трњата на сите мои прегрешенија,
душата очисти ја, мислите освети ги;
составите утврди ги заедно со коските,
чувствата на петте прости сетила просвети ги,
целиот приковај ме кон Твојот страв.
Секогаш покривај ме, заштити и сочувај од секакво душегубно дело и збор; очисти ме, измиј и украси ме, разубави ме, вразуми и просвети ме.
Покажи ме како Твое живеалиште на единиот Дух, а никогаш живеалиште на гревот.
Та како од Твој дом по примањето на светата Причест да бега од мене секој злотвор, секоја страст. за молитвеници Ти ги приведувам сите светии, чиноначалствата на бесплотните сили, Твојот Претеча, мудрите Апостоли, а со нив, и Твојата Непорочна, чиста Мајка, со чии молби, милосрден, прими ме, Христе мој, и син на светлината, Твојот служител, направи го.
Зашто Ти Единствен Си Светлина и осветување на нашите души, Благи и Тебе, како што прилега, слава сите Ти вознесуваме секој ден како на Бог и Владика.
Амин!