АНТОЛОГИСКИ ИЗРЕКИ

ЗА УМСТВЕНАТА МОЛИТВА

Молитвата е една од најважните и најмоќните сили и таа прави оној што се моли да биде прероден, дарувајќи му телесна и духовна благосостојба.

2. Молитвата претставува очи и крила за душата. Таа ни дава одважност да Го гледаме Бога.

3. Брате мој, моли се co усните се’ додека благодатта Божја не те просветли да се молиш и co срцето. Тогаш во тебе на чудесен начин ќе се јави празник и славење и веќе нема да се молиш co усните, туку co вниманието што дејствува во срцето.

4. Ако нависитна копнееш да ја оддалечиш секоја антихристијанска помисла и да го очистиш својот ум, тоа ќе го постигнеш co молитвата, бидејќи ништо не е во таа мера кадро да ги устрои нашите помисли како молитвата.

5. Биди претпазлив, зашто ако си мрзлив и невнимателен во молитвата, нема да напреднеш ни во своето тежнеење да My бидеш предаден на Бога, ниту во здобивањето на мирот во помислите, ниту во спасението.

6. Името на Исус Христос што го пови куваме во молитвата, во себе содржи самобитна и самодејствена сила на исправување. He грижи се, значи, заради несовршеноста и сувоста на твојата молитва, туку упорно очекувај ги плодовите од зачестеното повторување на Божјото име.

7. Кога се раководени од молитвата, моралните сили што се во нас стануваат посилни од сите искушенија и ги победуваат.

8. Зачестеноста на молитвата создава навика за молитва, којашто набрзо станува втоpa природа и често ги доведува умот и срцето до повисока духовна состојба.

Зачестеноста на молитвата е единствен начин да се досегне вистинската и чиста молитва. Честото кажување ги создава најдобрите услови за ефективна подготовка за молитва и најсигурниот пат за достигнување на крајната цел на молитвата и спасението.

9. Секој од нас е способен да се здобие co внатрешна молитва, односно од неа да направи свој начин на општење co Бога. Тоа ништо не не’ чини, освен напорот да се нурнеме во безмолвие и во длабочината на своето срце и да се погрижиме што е можно почесто да го повикуваме името на нашиот најсладок Исус Христос, коешто човекот го исполнува co неискажлива радост.

Нашето вдлабочување внатре во нас и испитувањето на душевниот свет ни пружаат можност да ja запознаеме тајната на човекот, да ja почуствуваме радоста на самопознанието и да пролеваме горки солзи на покајание заради нашиот пад и заради раслабеноста на нашата вол]а.

10. Сета твоја душа co љубов нека се приврзе за смислата на молитвата, така што твојот ум, твојот внатрешен глас и твојата волја – трите составни елементи на тво]ата душа – да станат едно и едното да стане овие три. На тој начин човекот, којшто е образ на Пресвета Троица, ќе стапи во врска и ќе се соедини co праобразот.

Како голем практичар и учител на умствената молитва, божествениот Григориј Палама Солунски рекол: „Кога едноста на умот ќе стане трикратна, а сепак останувајќи едност, тогаш се соединува co Божественото Триединство и ја затвара вратата за секој вид прелест и станува против плотта, светот и кнезот на овој свет.”

11. Цел на молитвата е да го соедини Боra co човекот, да Го воведе Христа во човековото срце.

12. Каде дејствува молитвата таму е и Христос co Отецот и Светиот Дух, Пресвета Троица, едносушна и неразделна.

13. Каде што е Христос, Светлината на светот, таму е и вечната светлина на другиот свет, таму се и мирот и радоста, таму се и ангелите и светителите, таму е величественоста на Царството.

14. Блажени се оние коишто уште во овој живот се облекле во Светлината на светот во Христа – зашто тие веќе ги имаат на себе одеждите на непропадливоста.

15. Целта на умствената молитва е да Го воведе Христа во човековото срце, да го протера оттаму ѓаволот и да ги разори сите дела што овој таму ги извршил co посредство на гревот.

Како што вели возљубениот ученик, затоа и се јави Синот Божји, за да ги разори делата на ѓаволот (Јован 3;  Само на ѓаволот му е позната неискажливата сила што ја поседуваат зборовите на Исусовата молитва и тој токму затоа и се бори против неа co јаросен гнев.

16. Безброј пати демоните преку усните на бесомачните исповедале дека дејството на оваа молитва ги изгорува.

17. Бидејќи Христос е Светлината на светот, тие што не Го гледаат и што не веруваат во Hero мора да се слепи. Напротив, оние што се стремат да ги оживотворат Христовите заповеди, чекорат во светлина.

Тие Го исповедаат Христа, Го почитуваат и My се поклонуваат како на Бог. Секого што Го исповеда Христа и Го смета за Господ и Бог, силата на повикувањето на Неговото име го крепи да ја твори Неговата волја. Меѓутоа, ако таа сила не го крепи, тогаш е очигледно дека Христа Го исповеда само co устата и дека неговото срце е далеку од Христа.

18. Колку повеќе оваа молитва не’ со единува co Христа толку повеќе не одвојува од ѓаволот. И не само од ѓаволот туку и од духот на овој свет, кој ги причинува и поддржува страстите.

19. Сатана (т.е. противник) на молитвата е немарноста. Сатанин сатана (т.е. противник) е копнежот по молитвата и пламенот на срцето. Бидете огнени co духот, на Господа служете My, вели Апостолот (Рим. 12; 11).

Тој пламен ja привлекува и ја задржува благодатта на оној што се моли и таа за него станува светлина, радост и неискажлива утеха. Меѓутоа, за демоните таа е оган, горчина и прогонител. Кога оваа благодат ќе дојде, таа го собира умот од расеаноста и го насладува co размислување за Бога, исцелувајќи го од секакво зло и нечисти помисли.

20. Ја имаш ли молитвата на своите усни? Тогаш таму е и благодатта. Меѓутоа, таа од усните мора да премине во умот и да се спушти во срцето, а тоа бара многу време и труд.

 

21. Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение.

После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи. Co време, страстите стивнуваат, помислите се повлекуваат, a срцето станува мирно.

22. Нека не те уморува да го враќаш својот ум секогаш кога ќе заскита. Бог ќе ги види твојата ревност и твојот труд и ќе ja испрати Својата благодат за да ги собере. Кога е присутна благодатта, се се врши co радост и без напор.

23. Co молитвата преоѓаме од една радост во друга; без молитвата преоѓаме од еден пад во друг, од страдање во страдање и чувствуваме тешка грижа на совеста. Накусо, co малку труд и болка во молитвата, ќе се здобиеме co paдостотворна тага, умиление и солзи, заедно co сладоста на присуството Божјо и на пренепорочниот страв Негов, којшто ги чисти и ги очистува умот и срцето.

24. Срцето мора да се очисти за и умот да биде просветлен co чистите помисли, коишто одозгора ќе се одразуваат во него.

25. Како што е невозможно да не се сопне оној што чекори ноќе, така е невозможно и да не згреши оној кој се уште не ја здогледал Божествената светлина.

26. Оние што влегле во Царството Божјо не се непокајани, туку грешници коишто се преобразиле низ покајание и солзи. Ништо не му помага толку на човекот да се бори и да ги победи страстите колку непрестајната умствена молитва.

Пренесено од книгата “Старец Ефрем Филотејски – Поуки за Исусовата молитва”

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаМОЈОТ ЖИВОТ Е ПЕКОЛ, ДА СЕ РАЗВЕДАМ? (Совети од Старец Харалампиј)
Следна статијаМЕ ОСТАВИ МЕНЕ И ДЕЦАТА ЗА ПОМЛАДА…(На прашања од наши читатели одговара отец Горан Стојчевски)