Господи Боже!

Ти не’ благослови да живееме во мир, едномисленост, во чистота и во взаемна љубов, преку врските на мирот да бидеме едно тело.

Но, Пречист Владико, поради ѓаволски искушенија и заради нашите човечки слабости, нашиот брачен живот се растројува.

Благословот на мирот и едномисленоста, што го исполнува со радост нашиот брачен живот, ги нема веќе со нас. Загрижувачки сенки на нечистота паѓаат врз нашите взаемни односи, изчезнува љубовта што не’ врзуваше.

Непријателот на човечката среќа и неговото спасение жестоко ја напаѓа нашата домашна црква.

Затоа, Господи Боже, со милозливо срце коленичам пред Твоето величие и се молам кон Твојата благост – врати ни го мирот, врати ни ги едномислението и разбирањето.

Сврти го расејаното и помрачено срце на мојот сопруг (мојата сопруга) кон Твојата волја, кон бракот од Тебе благословен, отстрани ги желбите на неговото (нејзиното) срце од нечистотии и од опасниот пат и приврзи го кон неговите (нејзините) чеда, за да царува радоста во нашиот дом и да се слави Твојата сила и добрина.

Ти си секогаш брз закрилник кога сме во мака.

Амин.

(Од православниот молитвеник)

Претходна статијаПромовирана книгата „Добродетелите во Лествицата на Свети Јован Лествичник и Египетскиот Отечник“…
Следна статијаМОЛИТВИ КОН БОГОРОДИЦА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН~