Почитувани
До пред 1 година се` беше во ред со мене и мојата жена.
Во брак сме 17 год.имаме 3 деца: 14.10 и 8 години. Пред 1 година наеднаш жена ми се смени, наеднаш почна да ми говори глупости дека мојата мајка и` има 3 пати магија направено,и еднаш жива во кафе ставено.
Ние бевме цела фамилија во шок, до ден денес се` уште моите деца им се смеат на мајка им, дека верува во ѓавол, а не во Господ.
Нејзината мајка (мајката од мојата жена)не оди во црква, него по баби гатачки цело време и досега имам чуено од нејзе дека неа им имаат околу осум пати направено маѓија, нејзини комшии, снајката, брат им и многу други.
Сега знам дека овој проблем со жена ми доаѓа од нејзината мајка.
Таа ја учи да оди по погрешен пат, да верува во гатачки, а не во Бог.
Пробав се` да направам да ја средам работата, не бива. Сега сме на прагот на развод, без пауза ја навредува мајка ми, додека таа плачи и се колни во нејзините деца (јас и мојата сестра ако тоа е точно)
Но родителите од жена ми не веруваат во Бог, се смеат … болни луѓе, не одат во црква пцујат попови, и го молат нејзиниот син да ја остави жена му, демек не чини ,успеааја да ја наговорат нејзината прва керка да се разведе и сега сакаат и нејзината помала ќерка да се разведе со мене.
Што да правам, баран совет од вас! Се разболевме цела фамилија, што не снајде каков ѓавол!
Поздрав и Бог нека ни е напомош.
Одговор на отец Горан Стојчевски:
Ако немаме вера имаме суеверија.
А верата се состои во тоа да нѐ мразиме никого да се молиме за секого. Што и да се прави да не се прави со принуда, освен молитвата.
Исповед треба најмногу, пост и молитва и според благослов и почесто причестување на Литургиите, инаку простотијата ќе нѐ надвладее.
Воглавно ова се случува кај нас оти сме склони на пцуење на оние кои нѐ благословуваат.
Гледајте да живеете воцрковено, па што ни дал Господ нека е благословено!