МОЛИТВА ПРЕД СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Како ќе се осмелам, јас недостојниот, да се причестам со Твоите свети Тајни?

Зашто, ако се осмелам да пристапам кон Тебе заедно со достојните, облеката ќе ме изобличи.

Таа не е свечена и ќе си навлечам осуда врз мојата многугрешна душа.

Господи, очисти ја нечистотијата на мојата душа и, како Човекољубив, спаси ме.

И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Големо е множеството на моите прегрешенија, Богородице; кон Тебе прибегнувам, Чиста, барајќи спасение.

Посети ја мојата болна душа и моли Го Твојот Син и наш Бог да ми ги прости лошотиите што ги направив, единствена Благословена!

Претходна статијаСветиот Дух – Господ …
Следна статијаВо молитва да дишеме!