ПРВ ДЕЛ
ПИСМА ДО МОНАСИТЕ И МИРЈАНИТЕ
ПРВО ПИСМО
Момчето кое се распрашува за молитвата
Мој возљубен брате во Христос, се молам за тебе, за да бидеш добро. Денес го добив твоето писмо и решив да ти одговорам на она, за што ми пишуваше. Работите за кои ти се распрашуваш, од мене не бараат многу труд и време за да можам да размислам и да ти одговорам.
За мене, умната молитва е истото она што за секој друг човек претставува алатката во неговата работа, зашто над неа се трудам веќе речиси триесет и шест години.
Доаѓајќи на Света Гора, веднаш почнав да трагам по пустиниците, кои се занимавале co овој вид молитва. Тогаш, пред четириесет години, постоеја многумина мажи, кои во себе имаа живот. Прекрасни луѓе, древни старци. Помеѓу сите нив, го избрав својот старец, кој стана мој раководител.
Да ја практикуваш умната молитва, значи непрестајно и без застанување да се присилуваш себеси на постојано усно изговарање на истата. Bo почетокот побрзо, за умот да не се расејува, при што, големо внимание се посветува на зборовите:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме”. Кога тоа ќе потрае доволно долго, умот се привикнува и самиот ги изговара постојано. Тогаш, започнуваш да се насладуваш, како да имаш мед во својата уста и посакуваш сето време да ja изговараш, зашто ако се прекине, ќе почуствуваш горчина.
Кога умот ќе се навикне на тоа, кога ќе се засити и добро ќе се научи, тој тоа го препраќа во срцето, кое пак, претставува средиште на човечката духовносг и телесност и во исто време, престол на умот.
Тогаш кога молитвеникот нема да му дозволи на умот да си претставува какви било појави и кога ќе се сосредоточи исклучиво на зборовите од молитвата, тогаш тој, лесно дишејки, co само мал напор и своја сопствена желба, го спушта во срцето и го задржува внатре, како во некој теснец, па тогаш во ритам ja изговара молитвата:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме”.
Умот во почетокот ја изговара молитвата неколкупати и за сето тоа време само еднаш се зема воздух. После тоа, кога умот ќе се навикне да престојува внатре во срцето, при секое вдишување пo еднаш се изговара молитвата: „Господи Исусе Христе” – вдиши, „помилуј ме” – издиши.
Така се прави, се’ додека не се почувствува благодатта и додека таа не започне да дејствува во душата. После тоа, веќе следува созерцание.
Судејќи според сето ова, молитвата постојано се изговара: и кога седиш и кога си во постела и кога одиш и кога стоиш. Молете се постојано и за се’ благодарете, вели апостолот (1 Солун. 5, 17-18).
Ho, тоа не значи да се молиш само тогаш кога се одмораш. Неопходна е борбата: стоејќи, седејќи, во сите позиции на телото. Кога ќе се замориш, тогаш седни. После тоа, повторно стани, за да не може сонот да те надвладее.
Тоа се нарекува практикување – подвиг. Ти Му ја покажуваш на Бога својата намера, но од Hero понатаму зависи дали Тој тоа ќе го возврати или не. Бог е почеток и крај, па Неговата благодат е таа која твори се’. Тоа е таа сила која не’ придвижува сите нас.
За да се појави љубовта и за да почне да дејствува, неопходно е исполнувањето на заповедите. Кога ноќе ќе станеш и ќе почнеш да ce молиш, кога ќе го видиш болниот и ќе почнеш да сострадаш co него, кога ќе видиш вдовица или сирак или пак, старец и ќе им дадеш љубов, тогаш очекувај и Бог тебе да те љуби.
Тогаш ти навистина Го љубиш Бога. Тој прв те возљубил и ти ја испратил Својата благодат, која ја излеал врз тебе, а ние сме тие кои My го возвраќаме своето од своите, затоа и така пееме на Светата Литургија: „Твоето од Твоите”.’
Значи, ако навистина тежнееш да Го пронајдеш Бога преку молитвата, тогаш немој да дишеш без неа. Гледај, но не ги прифакај претставите, зашто Бог е без облик, непоимлив, невидлив. Тој е натсовршен и не може да го истрпи нашето расудување и во нашиот ум да дејствува само како благо ветре.
Умилението ќе дојде токму тогаш кога ќе сфатиш колку си Го разжалостил Бога, Кој е толку добар, толку сладок, толку милостив, толку благ и совршено преисполнет co љубовта. Кој беше распнат и Кој пострада за нас. Кога ќе започнеш да размислуваш за сето тоа, како и за другите работи за кои Бог пострада, токму тогаш во тебе ќе се роди умилението.
Значи, ако си во состојба молитвата да ја изговараш гласно и непрестајно, за два-три месеци ќе се навикнеш на неа. Благодатта е таа која ќе те посети и ќе те подигне. Ти само изговарај ја гласно и непрестајно, а кога умот ќе ја прифати, тогаш ќе престанеш да ја изговараш усно.
И пак одново, кога умот ќе ја испушти, тогаш ќе ја прифати јазикот. Неопходно е и нужно, своите напори да ги насочиш кон јазикот, додека на самиот почеток не се навикнеш на молитвата, а потоа низ сите останати години на твојот живот, умот е тој кој ќе ја изговара без никаков напор.
Кога, како што велиш, ќе дојдеш на Света Гора, дојди да не’ посетиш. Но, тогаш ќе говориме за други нешта. Нема да имаш многу време за молитва. Молитвата ќе ја пронајдеш таму каде што твојот ум ќе се чувствува спокоен. Овде ќе ги посетуваш манастирите и твојот ум ќе биде одвлечен од внимание на сето она што ќе го видиш и чуеш овде.
Сигурен сум дека ќе ја здобиеш молитвата. He ce сомневај во тоа. Треба само, најпрво, да затропаш на вратата на Божјото милосрдие и Христос сигурно ќе ти отвори.
Невозможно е за Hero да не го направи тоа. И колку повеќе Го љубиш Христос, толку повеќе и ќе добиеш за возврат од Hero.
Од таа љубов, голема или мала, зависи и каква ќе биде големината на твоите дарови.
Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”