Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на се’ видливо и невидливо.
И во Едниот Господ Исус Христос,
Синот Божји Единороден,
Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината,
вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единосуштен на Отецот,
преку Кого се’ станало.
Кој заради нас луѓето
и заради нашето спасение слезе од небесата,
и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија,
и стана човек.
И Кој беше распнат заради нас во времето
на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен.
И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото.
И Кој се вознесе на небесата,
и Кој седна оддесно на Отецот.
И Кој пак ќе дојде co славада им суди
на живите и на мртвите,
и Неговото Царство не ќе има крај.
И во Светиот Дух Господ, Кој дава живот, Кој исходи од Отецот,
Кому заедно co Отецот и Синот
My ce поклонуваме и Го славиме,
и Кој говорел преку Пророците.
Bo Една, Света, Соборна и Апостолска Црква.
Исповедам едно крштение
за простување на гревовите.
Го чекам воскресението на мртвите.
И животот на идниот век.
Амин!