Добар ден

Би сакала да се причестам но незнам кога и што треба да првам пред тоа.

Дали треба да бидам гладна?  Дали треба да постам пред тоа?  Кога да одам во црква пред почетокот на литургијата или може иако задоцнам?

Кој ден во неделата?

Крстена сум од мала и имам куќна слава.

Мажена  сум со две полнолетни деца, а  би сакала и тие да се причестат.

За тоа што трба да правам после причеста научив од вашите постови.

Однапред ви благодарам.

Одговор на отец Горан:

Колку е убаво некој да праша што треба да направи за да се причести.

Првиот чекор кон Причеста е исповедта, да се најде најблискиот свештеник каде што живееме при парохијата или некој манастир и таму да ја извршиме оваа света тајна.

А, потоа свештеникот каде што сме се исповедале да ни даде благослов за причест и секако да ни благослови за начинот на седмичниот пост (среда и петок), за начинот и должината на повеќенеделните (четири) пости во текот на годината, колку и како да ги читаме молитвите од малиот Молитвеник, колку да ја кажуваме Исусовата и Богородичната молитва и редовно да учествуваме на Литургијата во неделите и (според обрврските) празниците.

Истото важи за секој крстен човек во Православната Црква, и за нас возрасните и за полнолетните „деца„, како и за децата (постапно) од осумгодишна возраст.

Кога ќе ви биде благословено почесто да се причестувате нема да се грижите за задоцнување на Литургијата на која како причесници се подготвуваме со нејадење и непиење од моментот на причест осум до десет часови наназад.

Претходна статијаКоја е најголемата вредност на жената ? (кратка поука)
Следна статија„Жено, зарем не ти е срам што упорно ме гледаш во очи?”( Доброслов” – Животот на Св. Ефрем)