Почитувани,
Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, излезе од печат книгата за деца „Моето детство“, чијшто автор е Илијана Илкова, Игуманијата на Марков манастир.
Приказната во ова полезно четиво за деца ни ја објаснува потребата на детстското срце од Бог, од Неговата утеха и љубов, од закрилата Негова во текот на деновите на детството.
Зашто, не само возрасните, туку уште повеќе кревката детстка душа крие во себе невидливи внатрешни дилеми, конфликти, болка, немир, чувство на неправда и нељубов…, кои нема со кого да ги сподели и разреши.
Пораката на книгата е токму улогата на свештеникот (духовникот), на Старецот, во животите не само на возрасните, туку уште повеќе потребата од неговото присуство во текот на детскиот живот.
Старецот, како кормилар на детскиот таинствен свет, преку кого Бог ја испраќа својата утеха и љубов.
И во оваа приказна, токму Старецот ги дава одговорите на малиот јунак Зоранчо меѓу кои и на прашањето:
– Оче, зошто има недоразбирања и кавги меѓу родителите и децата, меѓу наставниците и децата, меѓу децата и децата?
– Ох, – извикал Старецот на глас и рекол: – Чедо, ми постави многу тешко прашање, ќе морам прво да му се помолам на Бога, а потоа да ти го дадам одговорот…“
Токму во пресрет на денот кога го празнуваме Светиот Апостол Марко, на шести Мај (недела) во 10 часот и 30 минути, после Божествената литургија, во дворот на манастирот ќе се одржи промоцијата на книгата за деца „Моето детство“