Здраво!

Верник сум голем, почитувам се` што е свето секоја вечер си легнувам со молитва и се будам исто така со молитва.

Таа ноќ истото го направив но некаде околу 2 часот после полноќ осетив силно  гушење и притисок како нешто врз мене да слегна некоја сила голема.

Подвесно реагирав но силата беше се` појака и појака. Се обидов да помрднам рака, но не можев, се обидов да помрднам било кој дел од моето тело, исто така не можев.

Притисокот кој го осесќав врз моето тело беше прејак за мене…

Тогаш се сетив и решив да побарам духовна помош убеден бев дека таму имам спас.

Ги изговорив зборовите наглас ”Господе Исусе Христе, Сине бојжи… ми требаш, тргни го ова зло од мене и просветли ме”

Во истиот момент како во дремка да го здогледав ликот на Исус како гледа во мене и над мене силата која ме притискаше ја снема. Се` беше како сон , полусон иако и самиот знам дека не беше сон.

Станав и си реков – Ти благодарам Господе.

Тоа е силата на нашата вера и верба кон Господа ….

Став на отецот?

Одговара отец Горан:

Да не се верува ни во сон, ни во видение ни во привидение,
туку да бидеме уверени во својата грешност 
во силата на Божјото простување според мерата од покајанието!
Претходна статијаСвети Апостол Тома и ние – Митрополит Наум
Следна статијаНекој сакаше да ме престраши до самиот раб на човечката издржливост! (Исусовото Име ме спаси)