Здраво!
Дали може да ми одговорите:
Како се упокоија Адам и Ева ?
„Во оној ден кога ќе вкусите од дрвото на познанието на доброто и злото..“
Што се случило со нив?
И како физички умреле? Прашав свештеник ми одговори – како луѓе умреа. 🙂
Немам подетално било каде сретнато за да прочитам, затоа прашувам.
За нивната телесната смрт за земниот живот сакав да знам .
Како се упокоија?
Благодарам
Одговара отец Горан:
Со гревот смртта влезе во светот, вкусувањето од дрвото на познанието е прво духовна смрт предизвикана од непослушанието. Во Светото Писмо се вели дека Адам поживеа 930 години и потоа тој умре (Битие 5,5).
Гревопадот ја внесе физичката смрт, како последица на духовната. А, во Првото послание до Коринтјаните се вели, Христос стана првина за умрените, и како по Адам сите умираат, така и во Христа сите ќе оживеат.
И Христос ја вкуси смртта, но бидејќи во Него грев немаше со Својата смрт ја победи смртта, затоа сите оние кои веруваат во Христовото Воскресение и се крстени во Неговата смрт преку вода и Дух, носејќи го својот крст подражавајќи го Христа во искушенијата, надминувајќи ги низ подвигот преку благодатта која по крштевањето ја стекнуваат т.е. обновуваат преку светите Тајни на Црквата, исповед, пост, молитва и причест стануваат и учесници во воскресението.
Христос ја победи гревот, смртта и ѓаволот, и барајќи ја заедницата со Него низ светите тајни смртта во Него значи премин кон Воскресение и живот вечен.
Редовното читање на Светото Писмо е од особено значење за еден православен христијанин, не само како информација со која ќе се стекнеме, туку и начин како да постапуваме, Отците велат, дури и напамет да го знаеш Писмо не престанувај да го читаш!