„И на слабите и на силните, на секој кому му треба помош.
Затоа треба постојано да се вежбаме себеси да го отвориме срцето кон Бога“.
Отец Тадеј вели:
„И молитвата е вежба“.
Ако постојано ја повторуваме молитвата, таа се претвора во чувство. За ова зборуваа светите отци.
Многу луѓе добиваат благодат на почетокот на својот духовен живот, но поради нашите гревови, таа подоцна се повлекува и повторно се појавува.
Кога некој од срце ќе се обрати кон Бога со умствена молитва, тој постепено се навикнува на неа и стекнува радост и мир, кои не се од овој свет.
И таа радост се стекнува, па повремено се губи.
Но, благодатната молитва е неискажлива радост, која не може да се спореди со ништо од овој свет.
„Старецот го кажал и следново за влијанието на умствено-срдечната молитва врз човекот:
„Светите отци велат дека секој треба да ја практикува Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“
Кога таа ќе почне сама да се твори, без твојата волја, тоа е неверојатна, божествена сила.
Чувствуваш неискажлива радост.
Сè ти е омилено, сѐ ти е добро, сѐ ти е свето. Тоа е Божествена благодат која се дава, не зависи од нашата волја, желба; сама се движи, како некој мотор.
Човек кој ја има таа молитва, што и да види, кого и да види – се радува.
Затоа свети Серафим Саровски му велел на посетителот:
„Радост моја!”
Тој ја гледал божествената сила во секоја душа, без разлика дали е тоа душа на дете или на старец, и се радувал.
Отец Тадеј додал:
„Секој е повикан на светост.
Секоја душа се раѓа света. И големите и малите, сите треба да бидат свети.
Зашто, животот е Божествена енергија, која потекнува од Бога, Изворот на животот, и од таму ја добиваат сите, и ангелите и луѓето.
Таа енергија е постојано со нас. А Бог е единствениот Животодавец.