Првин на покајние, фала зoшти имаме шанса да си поставиме прашање . Одговорите на отец Горан редовно ги читаме.

Отец Горан имам две прашања:

Понекогаш гледам кога сум црква жени како ги палат однопачки свеќите. Што значи тоа? Некаде слушнав дека тоа било за оние што ги мразат да им оди на лошо.

И второ:

Имаме мали деца и сакаме на причесна да ги однесеме. Се плашиме дали од истата лажичка може да ни се разболат децата од некој грип и друго.

Фала ви, сакаме да ја решиме ваа дилема што подолго не мачи

Поздрав од Марија и Светле

ОДГОВОР на отец Горан:

Искрено за палење свеќи наопаку, првпат слушам и да имаат некакво образложение освен ако не го виделе фитилот, станува збор за некакво суеверие, но да се надеваме дека е случајно.

Крстени деца до осумгодишна возраст можат да се причестуваат секоја Света Литургија во неделите и за празниците, оти на тој начин не само што го обновуват печатот на своето крштение, туку и растат во амбиентот кој е нормален за крстени деца.

Оние дечиња кои се малечки (под пет години) и на кој им е неопходно вода, млеко, сок или малку храна нека примат и нека се причестат.

Од Путирот се дава Самиот Христос кој има власт над секоја немоќ, така воопшто не се плашете туку пристапувајте со вера, грипот е минлив, Господ е вечен и ние исто ако сме со Него и Он во нас.

Поздрав и секое добро во Бога.

 

Претходна статијаИ УМОТ НЕКА ГИ ПОВТОРУВА ДЕЊЕ И НОЌЕ…(Господе, Исусе Христе, помилуј ме)
Следна статијаАБОРТУСОТ ПРЕТСТАВУВА УБИСТВО ОД ПРВ СТЕПЕН И ОД НАСУРОВ ВИД (Јеромонах Атанасиј Арсоски)