Псалм 40

Жалење поради лоши непријатели и неверни пријатели

1 Блажен е оној, што се грижи за бедните! Bo злочест ден Господ ќе го избави.

2 Господ ќе го пази и ќе го одржи во живот и ќе му даде среќа на земјата; и нема да го предаде во рацете на непријателот негов.

3 Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја исцелуваш секоја болка при болеста негова.

4 А за себе јас повикав: „Господи, смилувај се на мене, излекувај ja душата моја, зашто згрешив пред Тебе!”

5 Непријателите мои во злоба се распрашуваат за мене: „Кога ќе умре, и кога ќе загине името негово!?”

6 И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ќе излезе надвор, расправа.

Сите мои непријатели шепотат меѓу себе против мене, помислувајќи ми зло:

8 „Смртна болест го фатила; кој еднаш легне, веќе нема да стане!”

9 Дури и пријателот мој, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене.

10 А Ти, Господи, смилувај ми се, исправи ме, та да им возвратам.

11 По тоа ќе дознаам дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене;

12 а мене, пак, ме прифати поради мојата незлобивост и зацврсти ме пред Себе вечно.

13 Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин!

(Крај на Првата книга Псалми)

Претходна статијаПсалм 72 – Вечна правда
Следна статијаВо срцето на човекот постои и зло и добро! (Преподобен Исаак Сирин)