Во современата култура, култура на трката по задоволства, алкохолните пијалаци станаа средство за затапување на масите и за самоуништување на несреќниците.
Покрај телевизијата, алкохолот е најчестото средство кон кое прибегнуваат луѓето за да одбегнат соочување co вистината.
Човекот непрестајно одбегнува да се соочи co својата совест, при што се користи co сите можни средства, вклучувајќи го тука и бегството од стварноста преку алкохолизмот.
Празната душа на човекот привремено се „полни” co сетилна „еуфорија”, која ја произведува пијанството, преку која човековото внимание привремено се одвраќа од сопствената испразнетост.
Пиењето алкохол – од една страна е своевидно бегство од стварноста и, од друга страна, друштвено задоволство.
Тоа денес стана „идеал” кој јавно се велича и слави. Денес е мода да се пие алкохол.
Луѓето го поистоветуваат омиленото пиво, вино или жесток пијалак co сопствениот идентитет. Типични се примерите на „пријателство според пијалакот”, co кои се преполни рекламите за алкохолни пијалаци.
Обескоренетиот современ човек е вовлечен во мрежите на алкохолизмот и неговата празна душа станува роб на „духот на времето”.
A co „духот на времето” управува злата похота.
Тоа е причината поради коja токму сексот секогаш се користи за рекламите што треба да ги продаваат алкохолните пијалаци.
Ако тоа не е сексот, тогаш е некоја друга измама, како што е, на пример, идејата дека „вистинското пријателство” и „добриот помин” се незамисливи без употреба на алкохолни пијалаци.
Речиси е невозможно да побегнеме од влијанието на таквите реклами… Дури и тогаш кога сме свесни дека цивилизацијата co
таквите реклами сака да ни продаде магла, тие го расипуваат нашиот ум на потсвесно ниво.
Алкохолизмот, добивајќи размери на општествена епидемија, стана омилена забава, односно главно средство за одбегнување на длабоките прашања за животот, какви што се:
„Која е смислата на човековиот живот?”
и „Што се случува по смртта?”
Бескрајната страст и алчност на модерниот човек одново го оживеа паганско-римскиот идеал, идеалот за трката по задоволства – идеал кој одново загосподари co масмедиумската арена на денешницата.
Во Римското царство од IV век христијанскиот писател Августин бележи:
„Сите луѓе ги обединува една единствена цел – привремената среќа на земјата, и макар што животот, во тие нивни бескрајни обиди да задобијат среќа на земјата, ги фрла ваму-таму и ги врти како морски бранови, сѐ што прават е насочено исклучително кон таа цел.”
Алкохолизмот е мрачниот крај на оваа модерна епидемија.
Алкохолизмот е ѕверот кој проголтува мажи, жени и деца.
Алкохолизмот е демон кој најнапред ја зграпчува душата на еден човек, за потоа преку него настојува да го убие целото негово семејство.
Во канџите на овој ѕвер личноста на зграпчената жртва се подвојува во „доктор Џекил и мистер Хајд”.
Алкохоличарот секогаш се брани така што го негиpa својот алкохолизам.
Алкохоличарот разбеснето напаѓа секого кој ќе му каже дека е алкохоличар, за потоа, во согласност co својата ропска природа, повторно да се вовлече во бездната на својот алкохолизам.
Штетата што ја нанесува алкохолизмот е неизмерна. Како да се измери крвта на милиони луѓе кои поради пијанство загинале во сообраќајни несреќи?
Како да се измерат солзите што ги пролеале и ги пролеваат децата на алкохоличарите?
Насилството, злоупотребата на децата, бракоразводите и децата без родители: сето тоа се последици на алкохолизмот.
Она што од почетокот е само фантазија, co времето станува зависност, а потоа и ропство. Тоа што започнува co насмевка, завршува co солзи.
Секого ќе го заболи душата кога ќе види човек кој некогаш бил слободен и полн co живот, а кој потоа, во алкохолизмот, станал затвореник кој умира во смртоносната стапица на овој демон.
Човекот што сме го сакале пред наши очи станува странец. Co време сѐ повеќе се оддалечува од нас и ние сфаќаме дека оној кого некогаш сме го познавале веќе не постои.
Бидејќи оној кого го познававме никогаш не би можел да биде личноста која сега ја гледаме.
He, тоа не е истиот човек, туку сениште. Порано или подоцна ќе мораме да си го поставиме прашањето:
„Кој е тој што му ја украде душата?”
Неизбежниот крај на лажната потрага по духовно исполнување преку употребата на дрогата и алкохолот е смртта на душата.
За да живее, на душата ѝ е неопходна вистината.
Но во овие трагични времиња до вистината се доаѓа многу тешко. Непријателот на вистината ја продава смртоносната лага на дрогата и алкохолот како вистина.