1. Според зборовите на свети апостол Павле: „Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе, учејќи не да ги отфрламе нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век” (Тит 2, 11-12).
Да го засакаме монашкиот живот, „да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос” (Тит 2, 13).
Кој на едни „кои co трпение во добрите дела”, живеат богоугодно, ќе им даде царство небесно,
a на другите „што упорствуваат” (Рим. 2, 7-8) и ја извршуваат волјата н а своето тело, па се откажуваат од ревноста за доброто и добрите дела, – го имаат гневот Божји и ќе се измачуваат во неизгасливиот Божји оган.
А гледајте, дали ние живееме вака?
Дали живееме така, како што сме намеравале да живееме кога сме дошле овде?
Па затоа, кога сме веќе именувани светии и подвижници, да се трудиме да не бидеме подоцна посрамени; нашите подоцнежни дела да не бидат полоши од оние што сме ги имале во почетокот; да не бидеме слични на темјанот, кој кога ќе се запали дава добра миризба, а кога догорува – ја губи миризбата; ниту на светилникот, кој во почетокот, кога ќе го запалиме гори светло и ги осветлува сите во просторијата, a потоа, ако го ставиме под поклоп или ако, го изгаснеме, престанува да свети.
Пренесено од книгата “Добротољубие” том IV, Поученија за монаси