Здраво Покајание

Замолувам за одговор на мојата дилема.
Родилка сум и треба да направиме молитва за четириесет денови на бебето. Дали, доколку жената тој ден е во месечен циклус може да присуствува на тој чин?
Благодарам

………………………….

Оваа дилема и прашање е присутна кај многу вернички, дали кога е во прашање целивање на икони, примање или не на Светата причест итн.

 

Одговорот од свештеникот гласи:

„За време на месечен циклус не се пристапува само кон Светата Тајна Причест, додека се’ друго е благословено и дозволено:

одење во Црква на богослужби,

целивање на свети мошти и икони,

земање нафора итн“.

Би додале, значи ова важи и за молитвата, зпрашањето кои вие го поставивте. Да, дозволено е!

Претходна статијаТриумфот на Православието – Викарен Епископ г. Јаков Стобиски
Следна статијаОд „фатениот“ се бара само смирение (Дедо Наум)