Сo твоето Пречисто Тело, Co Твојата Пречиста крв, Исусе, Спасителе мој, целиот обнови ме:
обнови го срцето мое, обнови ја душата моја, обнови го телото мое, обнови го умот мој, обнови ја волјата моја, обнови го животот мој.
Земи го од мене тешкото бреме на моите гревови.
Исцели го срцето мое.
Умртви ги страстите мои.
Научи ме да се молам, научи ме да се каам.
Научи ме да плачам, научи ме да воскликнувам кон Тебе.
Смири го срцето мое, смири го умот мој, излечија гордоста моја.
Подари ми сега да поставам добар почеток. Прими го моето покајание, не оставај ме, не одстапувај од мене.
Дарувај ми да плачам поради гревовите мои, дарувај ми да ги исповедам своите гревови, не оставај ме, не одстапувај од мене поради гревовите и престапите мои.
Помилувај ме по Својата голема милост.
Поштеди ме.
Не отфрлај ме.
Дарувај ми незлобивост, дарувај ми кроткост, дарувај ми целомудреност, дарувај ми трпение, дарувај ми послушност, дарувај ми молчење, дарувај ми непрестано самоосудување и стражарање над себе.
Подари ми пламена, огнена, како камен цврста вера. Дарувај ми да го замразам гревот, дарувај ми да го оставам гревот.
Приковај ме за стравот Твој, Обвиткај ме co стравот Твој, дарувај ми да те љубам co ceтo свое срце, co сите свои мисли, co сиот свој ум, co сите свои жили да се прилепам кон Тебе и да живеам за Тебе, не за себе, не за гревот.
Стори co мене по милоста Твоја. Во сѐ, во сѐ да биде волјата Твоја. Амин.
Дарувај ми слух да Те слушам,
дарувај ми да те вкусам, дарувај ми нозе да Ти пријдам, дарувај ми срце во кое ќе има страв Божји, дарувај ми срце да Те љубам.
Земи сѐ мое од мене и дај ми ја творам волјата Твоја.
Одземи сѐ старо и дарувај ми ново, уништи го моето камено срце и подари ми срце пламено, што Тебе Те љуби, Тебе Те моли, пред тебе плаче, пред тебе се кае.
За Тебе воздивнува, од Тебе се плаши, за Тебе живее, не за себе, не за гревот.
Дарувај ми срце кротко, смирено, целомудрено, чисто, трпеливо, кое од гревот се плаши, кое гревот го мрази. Биди на мојата душа храна и питие.
Биди извор на мојата жедна душа.
Биди светлост на мојот ум, на срцево мое, од грев помрачени.